1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Состојбата во медиумите главна грижа на Брисел

Приближувањето кон ЕУ зависи од примената на демократските вредности во сите сфери од општеството, и’ порачал еврокомесарот Штефан Филе на македонската вицепремиерка за евроинтеграции, Теута Арифи.

default

Теута Арифи

Приближувањето кон ЕУ зависи од примената на демократските вредности во сите сфери од општеството, и’ порачал еврокомесарот Штефан Филе на вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи. Филе на Арифи и го презентирал извештајот за напредокот на земјата оваа година и оценил дека тој ќе биде заснован на факти и ќе биде реален, одразувајќи го развојот во земјата во минатите 12 месеци.

„Ја поздравив тркалезната маса со медиумите што вицепремиерката ја организираше на 14-ти септември во Скопје. Тоа е позитивен знак дека здруженијата на новинарите и неколку невладини организации се посветени на дијалог. Силно ги охрабрувам засегнатите страни да продолжат со напорите за одржување на дијалогот помеѓу владата и медиумската заедница за да се посочат релевантни прашања и да се најдат заеднички договорени решенија“, стои во писмената изјава на еврокомесарот Филе.

Вицепремиерката Теута Арифи ги уверувала европските функционери дека слободата на печатот е во центарот на интерес на владата. Освен за медиумите, таа разговарала и за сработеното во минатите десет години во однос на Охридскиот договор, како и за конкретни чекори што институциите ги преземаат за примена на европските критериуми во критичните области, како што е јавната администрација, судството, борбата против корупцијата, како и за слободното движење на стоките и заштитата на потрошувачите.

Арифи притоа нагласила дека очекува извештајот на Комисијата да биде објективен и избалансиран. „Пораките од извештајот ние, како и претходните години, ги разбираме како укажувања за натамошно ефикасно спроведување на реформите во државата и подобрување на животниот стандард и квалитетот на живеење на македонските граѓани“, нагласила Арифи на средбите со

PK des EU Erweiterungskommissars Stefan Füle zu den Fortschrittsberichten

Еврокомесарот Штефан Филе

функционерите во Брисел.

За Европската комисија инцидентот од вторникот е за жалење

Во истовреме од кабинетот на Филе информираат дека „Комисијата е свесна за инцидентот во Европскиот парламент и смета дека тоа е за жалење. Разбираме дека тоа беше обид од група на поединци од Македонија и нивните спонзори да ја пореметат јавната расправа во Европскиот парламент. Оние кои беа вклучени во тоа пропуштија бесценета можност да земат учество во дебатата“, стои во писменото известување од кабинетот на Филе.

Инцидентот од вторникот бил тема на разговор и на средбата на Арифи со европратеникот Јорго Шацимаркакис. Европратеникот за Дојче веле оценува дека инцидентот во кој „таканаречени новинари дошле во Брисел и се обиделе да испровоцираат скандал за време на дискусиите во една од парламентарните групи за слободата на медиумите“ не бил од помош и оти Арифи „го разбира ставот на парламентарците дека тоа не било од помош, бидејќи не ги убедило европарламентарците дека има вистинска слобода во медиумите, затоа што методот што беше употребен предизвикал само скандал“. „Викањето беше потврда дека некои од луѓето навистина не се во можност да си ги изразат своите погледи“, оценува Шацимаркакис.

Шацимаркакис: никој не може да ми забрани да зборувам што сакам

Mazedonien EU-Parlamentarier Jorgo Chatzimarkakis Skopje

Европарламентарецот Јорго Шацимаркакис


Европратеникот тврди дека поканата за учество била отворена и можел да присуствува секој што се грижел за слободата на медиумите, а еден од тројцата новинари кои учествуваа во скандалот работи во весник, кој имал свој претставник на дебатата. За употребениот навредлив збор тврди дека го кажал зборувајќи си сам со себе.

„Никој не може да ми забрани, дури и ако сум член на парламентот да користам зборови кои изразуваат гнев, а бев лут, бидејќи не сум навикнат на вакви ситуации и бев лут на таа шокантна ситуација, каква што сме немале претходно во парламентот“, вели Шацимаркакис.

Шацимаркакис не е сигурен дали ќе се повтори трета година по ред препораката за почеток на преговорите за членство, што според него е значаен сигнал за сите земји од Западен Балкан, ако Македонија „добие зелена карта и препорака за прием“.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Борис Георгиевски

Поврзана содржина