1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Состојбата во Газа-очајна

Ривалските палестински организации Фатах и Хамас синоќа се договорија за прекин на непријателствата.Во борбите меѓу вооружените припадници на двете организации минативе денови загинаа тројца луѓе ,а 25 беа ранети.

Прекин на непријателствата меѓу Фатах и Хамас

Прекин на непријателствата меѓу Фатах и Хамас

Истрели на улиците на Газа.Во жестоките борби меѓу припадниците на двете ривалски движења Фатах и Хамас вчера повторно беа ранети повеќемина минувачи.Меѓу жртвите овојпат и девет ученици,кои се нашле тука.Во понеделникот во оружените престрелки во јужниот дел на појасот на Газа имаше тројца мртви.Многумина Палестинци стравуваат дека граѓанската војна е на прагот.

-И без граѓанска војна не знаеме како достоинствено да живееме.Ако би избувнала граѓанска војна,ако тоа е нашата судбина,дури тогаш нема да знаеме како да живееме.

Всушност,и без граѓанска војна состојбата во палестинските области е очајна.Прекинот на финансиската помош од ЕУ и другите донатори доведе до пораст на и без тоа високата невработеност.На Западниот брег во понеделникот беа фатени 93 палестински работници кои се обиделе со камион да заминат во Израел за да најдат работа.Иако ваков потфат е крајно ризичен по живот и илегален,а ако биде откриен и строго казнуван,очајните луѓе не се откажуваат.Тие влегуваат во вакви авантури за да можат да ги издржуваат семејствата.

Во херметички затворениот појас на Газа ваква можност не постои.Граничниот зид е непремостлив.И за порано подобростоечките семејства,сега животот е се потежок.Мохамед Абдел Азиз е студент на Универзитетот во Газа.И во својот приватен и во студентскиот живот е конфронтиран со растечки ограничувања:

-Се разбира дека го забележувам тоа.На пример,бев во аптека за да земам лекови.Таму цели регали се празни,значи недостасуваат пари едноставно.Службениците сега не добиваат плата и преку тоа се затвора и кругот на економскиот крвоток.Кон тоа доаѓа и следната причина-работата во Израел беше главен извор на примања за илјадници луѓе.Значи,ако изостануваат пари,секој чувствува дека се заострува економската криза и дека животот станува потежок.

Израелците во појасот на Газа пропуштаат само уште по пет товарни возила со стоки дневно,поради тоа има се помалку лекови и прехранбени производи.Според Палестинското министерство за здравство,досега во појасот на Газа починале четворица пациенти кои се зависни од дијализа,поради тоа што немало потребно средство за прочистување на крвта.Министерот Наим стравува дека можат да избијат и епидемии, на пример колера.