1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Состанок на министрите за надворешни работи на Г8

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер денеска апелираше до Русија да не му се спротиставува понатаму на решението за статусот на Косово во Советот за безбедност на ОН. Дебатата по ова прашање нема да биде едноставна – изјави Штајнмајер претпладнево спроти почетокот на средбата со неговите ресорни колеги од Групата Г8 во Потсдам.

Франк Валтер Штајнмајер на неодамнешната средба со авганистанскиот колега Рангин Дадфар Спанта.

Франк Валтер Штајнмајер на неодамнешната средба со авганистанскиот колега Рангин Дадфар Спанта.

На дневниот ред покрај Косово се повеќе меѓународни теми, како ситуацијата во Ирак и воопшто на Блискиот исток, спорот околу атомската програма на Иран и Судан. Нина Веркхојзер подготви бекграунд за темите во фокусот.

“Не ни се потребни еднострани отстапки на Русија, туку неопходен ни е договор за натамошните постапки во Советот за безбедност на ОН“ порача германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер. Се надевам дека тоа ќе можеме да им го објасниме на руските претставници на средбата. Во Потсдам допатува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. “Без одлука на Советот за безбедност околу статусот нема да направиме чекор напред на Косово, но во целиот регион на Западниот Балкан“ - нагласи домаќинот на министерскиот состанок во Потсдам.

Меѓу темите во фокусот треба да се најде и ситуацијата во Авганистан. При неодамнешната посета на Авганистан и Пакистан германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер јасно ја согледа заладената атмосфера во односите меѓу двата соседа. Причина за тоа е обвинувањето на авганистанската влада дека Пакистан не презема доволно решителни мерки против талибанските востаници. Во пограничниот појас меѓу двете земји се обучуваат и вооружуваат борци на Талибанците, кои потоа дејствуваат во Авганистан. Со оглед дека повеќето земји членки на Групата Г8 имаат свои војници во ИСАФ силите во Авганистан, тие се заинтересирани за надминување на овој проблем. Портпаролот на германското Министерство за надворешни Јенс Плетнер појаснува со која цел се поканети министрите на Авганистан и Пакистан:

“При тоа не станува збор толку за создавање лично пријателство меѓу министрите за надворешни работи на овие две земји, туку многу повеќе за поттикнување на соработката по конкретните прашања.“

Обидот да се стабилизира состојбата во Авганистан е осуден на пропаст без соработка на соседен Пакистан – оценува шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер. Пакистанската влада тврди дека нејзиното влијание врз талибанските сили е ограничено. Владата во Каубл тој аргумент го смета за обично изговарање и бегање од одговорноста.

“Нашата теза е дека овие малверзациии имаат државна поддршка, особено делови од пакистанските тајни служби и делови од армијата се замешани“ - изјави неодамна авганистанскиот министер за надворешни работи Рангин Дадфар Спанта.

Се очекува министрите за надворешни работи на групата Г8 денеска да разговараат со колегите од Авганистан и Пакистан и да побараат од нив јасен напредок по прашањето на обезбедување на границата и спречување на трансферот на востаници и оружје.

Важно место во разговорите на шефовите на осумте дипломатии денеска во Потсдам зазема и проблемот со иранската атомска програма. Откако Меѓународната агенција за атомска анергија во најновиот извештај заклучи дека Иран постигнал јасен напредок во збогатувањето ураниум, САД бараат поострување на санкциите против Техеран. Освен тоа Вашингтон бара иранската влада да престане да им дава поддршка на шиитските милиции во Ирак. Во понеделникот на оваа тема за прв пат по речиси 30 години разговараа официјално и високи дипломатски претставници на САД и Иран.

Денешната средба на министрите за надворешни работи во Потсдам се одржува под засилени мерки на безбедност. Повеќе стотици полицајци имено го обезбедуваат зданието на дворецот Сесилиенхоф, каде заседаваат министрите.

Поврзана содржина