1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Состанок на Контакт групата за Косово

*

Во Виена денеска за првпат по подолго време заседава Контакт групата за Косово , откако планот на ОН за надгледувана независност на Косово беше отфрлен од Русија во преговорите во Советот за безбедност со закана за вето. Претставници на земјите кои ја сочинуваат групата од САД, Русија. Германија, Франција Велика Британија и Италија , ќе дискутираат пред се за форматот на предвидените нови преговори меѓу Белград и Приштина околу идниот статус на Косово. Српскиот парламент инаку синоќа усвои резолуција за Косово во која се истакнува дека покраината е неотуѓив дел од Србија . Резолуцијата која беше прифатена од огромно мнозинство пратеници предупредува од еднострано прогласување на независност на Косово .