1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сосема поинаков филм за Источна Германија

„Ноемвриско дете“ е насловот на дебитантскиот филм на Кристијан Швохов. Со него тој се обидува да ги разбие вообичаените клишеа за односот меѓу Источна и Западна Германија, што се присутни во филмовите.

default

Плакатот на филмот „Ноемвриско дете“.

Уште еден филм за Истокот? Ова е најчестото прашање кое деновиве му го поставуваат на младиот режисер Кристијан Швохов. „Да, ама сосема поинаков“, одговара тој најчесто.

Германија е обединета веќе 20 години, но ѕидот сеуште се чуствува и тоа повеќе на истокот отколку на западот на земјата. На Кристијан Швохов веќе му здодеа да гледа како денес се прикажува Германската Демократска Република: „На пример тие шарени емисии на телевизијата со носталгичари за Источна Германија. Во нив или се стекнува впечаток дека ДДР била весел саем на куриозитети или мрачна земја во која не се поставувале прашања, во која живееле тажни луѓе. Јас не чуствувам никаква носталгија, но сепак имам чуство дека во сите тие приказни не можам да ја препознаам земјата во која го минав детството“, вели Швохов. Според него таквата слика не одговара и е опасна.

Детство преточено во филм

Триесетгодишниот Кристијан Швохов одлучи да го претстави своето детство во филм кој не е ни носталгична ниту мрачна драма за предавства,

Film Novemberkind

Ана Марија Муе го игра главниот лик „Инга“. Szenenbild aus dem Film "Novemberkind " Inga vor See Inga / Anne (Anna Maria Mühe), Regie: Christian Schwochow, Schwarz Weiss Filmverleih

полициски надзор и затвори.

„Сценариото го пишував заедно со мајка ми’. Собиравме материјали со години: приказни, теми, кои мораат да се раскажат и одеднаш се создаде ликот на Инга, која ја испративме на пат. Тоа беше толку магичен момент кој одеднаш ги поврза сите тие приказни во една целина околу тој лик“, вели Швохов.

Филмот „Ноемвриско дете“ ја раскажува приказната на Инга, млада жена која постојано говорела дека нејзината мајка загинала во обидот да избега од ДДР во Западна Германија. Таа жена одненадеж е соочена со вистината. „Приказната во филмот е измислена. Но проблемите кои ги допира филмот не се измислени. Каде припаѓам јас во оваа земја? Кој сум јас? Дали сум од Западна или сеуште од Источна Германија? Што е тоа воопшто?“, вели Швохов.

Нема едноставен одговор за дилемите

Авторот на филмот смета дека овој процес на преиспитување започнал во неговата генерација пред пет-шест години, кога сватиле дека половина живот го минале во еден, а половина во друг вид Германија. Она што најмногу го поттикна младиот режисер да го направи овој филм е желбата да покаже дека во источна Германија не постоела само дилемата да се побегне или да се стане опорунист.

„Луѓето не веруваат кога ќе кажам дека имав многу среќно детство. Ниту моите родители не се оштетени поради тоа што израснале во таа земја“, истакнува Швохов.

Секоја судбина е посебна приказна

На прашањето, каква беше Германската Демократска република, не може да се одговори толку едноставно, смета Швохов. Според него, тоа може да се направи само преку поединечни судбини кои меѓусебно се соочиле.

„Мислам дека овој филм е обид да се

Bdt Ostprodukte-Versand wächst

Во Германија се многу популарни производи со логото на Германската Демократска Република.

создаде слика. Сосема намерно во целиот филм никаде не се споменува тајната полиција Штази и војската. Целата состојба е прикажана преку лични приказни и верувам дека тоа е многу поточно отколку кога се се поедноставува“, истакнува младиот режисер.

Животот во комунистичка Германија, бил повеќе од само Штази и празни продавници, смета Швохов. Нему наместо вообичаените клишеа кои постојат во моментов за ДДР, му било многу поважно секој лик во филмот да добие можност да биде разбран од гледачите.

„Ми беше важно никого да не го осудувам и да не ги делам ликовите на жртви и виновници. Мислам дека од секој лик може нешто да се дознае и оти сето тоа оставило лузни кај секого“.