1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Соседите на Ирак на конференција во Кувајт

Ирачката влада се обидува да ја нормализира ситуацијата во земјата, но во процесот на обнова има големи проблеми. Затоа, арапските земји кои се соседи со Ирак треба да и‘ пружат на земјата поголема поддршка.

default

Дел од учесниците на конференцијата во Кувајт

Вашингтон и Багдад вршат притисок - потребно е простување на долговите. Ирак е должен во странство околу 67 милијарди долари. Индустриските земји, меѓу кои и Германија, се откажаа од наплата на долговите во голем дел. Сега тоа треба да го сторат и арапските земји, соседи на Ирак. Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, бара од нив тие конечно да ја исполнат обврската.

Од друга страна, ирачката влада мора да биде повеќе ценета во меѓународни рамки, преку потворно отворање на амбасадите во Багдад. Тоа би бил знак на признавање и на надворешно-политичка нормализација. Ирачкиот премиер, Нури Ал Малики вели: „Станува збор за поголема помош за нашата земја. Се надеваме дека од оваа конференција за нас ќе произлезе нешто конкретно. На минатите конференции основавме комисии, само што резултатите од нивната работа досега не се спроведени.“

Арапите се скептични

Но, кај арапските соседи каде мнозинството од населението се сунити, скепсата е голема. Тие не им веруваат на извештаите за одржлива стабилизицаија и се сомневаат во тоа дека Малики е човек на кој што можат да се потпрат. А, тој не му е омилен ни на Вашингтон - шиитски премиер кој постојано бара контакт со шиитската соседна земја, Иран.

Досега, во секој случај, повеќето арапски земји не се осмелуваат да направат прв чекор кон повторно отворање на нивните амбасади во Ирак. Сеуште е во сеќавање нападот со автомобил бомба во август 2003 година, кој ја уништи јорданската амбасада. Две години подоцна беше грабнат и убиен египетскиот амбасадор во Ирак.

Како и да е, Кувајт, земјата домаќин на конференцијата, сега сака да испрати амбасадор во ирачкиот главен град. Што ќе произлезе од ваквите ветувања останува да се види. Кувајт и Саудиска Арабија пред подолго време ветија простување на долговите, но тоа се‘ досега не е реализирано.