1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Соседите на Германија подобри во борбата против невработеноста

Речиси пет милиони луѓе во Германија се невработени. Стопанството ги преместува работните места во странство, зашто платите таму се пониски. Политиката почна со некои, за многумина болни реформи на пазарот на работна сила. Сето тоа на Германците им создава страв. Тие станаа несигурни, повеќе штедат отколку што трошат. Соседните земји имаат исти проблеми, но се чини како Холанѓаните и Данците подобро да

default

ги совладуваат тешкотиите.

Еден холандски дописник вака ја опиша “германската болест“: “Германија стана земја во која многумина се несреќни и немаат работа, а кога ќе најдат работа сакаат да работат најкратко што е можно“. Денеска секој познава некој невработен во семејството или кругот на пријатели, вели психологот Бернд Бон од универзитетот во Бремен. Во соседните земуји со ваквиот проблем борбата е поинаква:

“Во Велика Британија во 70-тите години видовме дека Меги Тачер направи пресврт во осознавањето на поимот флексибилност. Во Холандија, во 80-тите години почна ист таков процес. Мора да научиме да бидеме флексибилни, а кога ќе дојде невработенсот, мора да сме подготвени да работиме така да се каже “под цена“, три или шест месеци.“

Флексибилност – така гласи според трудовите психолози волшебниот збор. Во Велика Британија и САД, исто како и во Германија, многу луѓе се привремено без работа, но во најголем дел тие времето го користат за натамошна квалификација. Германските политичари еднострано го третираат проблемот, со тоа што од стопанството постојано бараат отворање нови работни места.

Промена на менталитетот зад себе имаат и Данците. Тој се случи пред десет години, по големата економска криза. Таму пазарот на работна сила е екстремно флексибилен и одвај дека има некаква заштита од отказ. Но, затоа го има во Европа меѓу највеликодушните осигурувања во случај на невработеност, кое исплаќа до 1 800 евра месечно, максимум четири години. Истовремено, посредниците за работа нудат образование кое е по мерка на пазарот на работна сила и поставуваат тешки предизвици пред тие што бараат работа.