1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Соработничката на Сноуден во Германија

Новинарката Сара Харисон, блиската соработничка на екс-соработникот на НСА, Едвард Сноуден, која го придружуваше од бегството од САД, допатува во Германија и планира тука да остане.

Сара Харисон, која беше постојано со информантот Едвард Сноуден во последните четири месеци кои тој ги поминаво Москва, од викендот (2/3.11) е во Германија. Тоа произлегува од соопштението која новинарката и соработничка на Викиликс го објави вчера (6.11) на интернет-платформата.

Од бегството на Едвард Сноуден од САД, Сара Харисон му помагаше во барањето сигурно место за засолниште, пишува таа. Таа била со него во Хонг Конг, каде прво отпатува поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност, а потоа 39 дена поминала со Сноуден во транзитната зона на московскиот аеродром.

„Останав со него се‘ додека нашиот тим не беше сигурен дека ќе може да остане во Москва и не е загрозен од ниедна влада“, вели Харисон во соопштението. Дали Харисон ќе остане во Берлин или на друго место во Германија, не е познато.

Несигурно враќање во Велика Британија

Како причина за доаѓањето во Германија, новинарката го наведува тоа што враќањето во Велика Британија не е безбедно поради британските антитерористички закони. Адвокатите на Викиликс и‘ советувале да не се враќа дома. Според нив, само една статија околу шпионските активности на НСА би можела да претставува кршење на антитерористичките закони.

Со каква „агресивна тактика“ постапува и британската влада кон информантите кои ги објавуваат податоците за шпионските активности на НСА покажа привремениот притвор на животниот сопатник на американскиот истражувачки новинар Глен Гринвалд на лондонскиот аеродром. Бразилецот во август беше притворен од страна на британската полиција на аеродромот Хитроу и испрашуван девет часа без дозвола да контактира со адвокат. Британците притоа се повикаа на антитерористичките закони.

Харисон изјави дека поддршката која ја доживеала по стигнувањето во Германија е охрабрувачка. Таа била присутна и на неодамнешната средба на германскиот политичар од партијата на Зелените, Ханс-Кристијан Штребеле со Едвард Сноуден минатата недела во Москва. Штребеле и бројни други политичари побараа од германската влада да му биде даден азил на Сноуден во Германија. Владата тоа го одби, образложувајќи со тоа што Сноуден не е политички прогонуван поради шпионската афера на НСА. Германија има добиено налог за испорачување на Сноуден од САД.

Kerry und Merkel PK in Berlin 26.02.2013

Џон Кери и Ангела Меркел во Берлин (архива)

Офанзива на шарм на американскиот министер за надворешни работи

Во меѓувреме, американскиот министер за надворешни работи Џон Кери призна дека постојат тензии меѓу САД и Германија, којашто, како што рече за весникот „Билд“, е еден од поважните партнери на Вашингтон, предизвикани од обвинувањата за шпионажа, но вети дека двете сојузнички ќе одржат „цврста врска“.

„Без нималку сомневање, таа ситуација предизвика тензии со Германија и со Германците... Меѓутоа, нашите врски се јаки и такви ќе останат“, изјави Џон Кери. Оценувајќи ја канцеларката Меркел како „извонреден партнер“, тој истакна дека прашањата на Сирија, Иран, договорот за слободната трговија меѓу Европската унија и САД се премногу важни, како и дека на нив и натаму заеднички се работи. „Заедно ќе ја надминеме таа ситуација“, додава Кери, заклучувајќи дека ја „сака Германија“. Но, што се однесува до Едвард Сноуден, Кери останува непопустлив: „Сноуден треба да биде испорачан на САД“, каде ќе му биде организиран фер судски процес.