1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Соработка меѓу САД и Иран - за стабилност на Ирак

САД и Иран во Багдад ја држат повеќе пати одлаганата 4-та средба за безбедноста во Ирак. Во интерес и на молба од Ирак непријателите седнаа на преговарачка маса. Контакт и без дипломатски оноси, по 27 години затишје

default

Ирачкиот претседател Ахмадинеџад со ирачкиот домаќин Талабани во неделата во Багдад

Иран и САД негуваат најблиски контакти со Багдад, иако од сосем различни причини. Американскиот амбасадор Рајан Кракер го извлече најмалиот заеднички именител за необичните разговори, кога укажа дека исклучиво станува збор за интересите на Ирак, односно да и’ се помогне колку што е можно поефикасно на таа земја, на нејзините луѓе и влада, за повторно да се воспостават безбедност и стабилност и таа да се поведе на патот кон политичко единство. Амбасадори и експерти од трите земји, вклучително Ирак, досега се сретнаа три пати, но напредок не беше постигнат. Разговорите следуваат по спектакуларната и провокативна посета на иранскиот претседател Ахмадинеџад на Ирак. Упадливо е дека Ахмадинеџад во Ирак се однесуваше воздржано во однос на САД, кои вообичаено ги титулира како големиот сотона. Тој навистина побара повекување на окупаторите и им ја префрли вината на САД за теророт во Ирак, но тука речиси завршија неговите вербални напади.
Вратата за контакти остана отворена
Разговорите сега продолжуваат каде што претходно застанаа - кај меѓусебните критики, како што опиша американскиот амбасадор Кракер по првата средба: „На Иранците им изложив некои наши сосем специфични задршки во врска со нивното однесување во Ирак, нивната подршка за милициите кои се борат против ирачките безбедносни сили и единиците на коалицијата, како и со фактот дека големо количество експлозив и оружје, што ги користат тие милиции, доаѓа од Иран“. Кракер уште побара да престанат активностите предводени од сили на иранската Револуционерна гарда и рече дека САД ќе бараат резултати.

Ахмадинеџад и во Багдад ги отфрли тавите прекори како пропаганда. Неговото шиитско раководство е свесно за влијанието во Ирак, на пример врз значајната, исто така шиитска милиција на свештеникот ал-Садр. Таа токму го продолжи примирјето, што се смета за причина за нешто намаленото насилство. Стабилен сосед е од интерес за Иран. Зафаќањето за таа единствена нишка за разговори им нуди на Вашингтон и на Техеран ретка можност да соработуваат врз работа од заеднички интерес - поголема стабилност во Ирак.