1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Соработка и разбирање

Франција, Германија и Шпанија од една и Русија од друга страна, на неформалната средба проследена со работна вечера во Елисејската палата, синоќа го подвлекоа доброто меѓусебно разбирање и соработка околу меѓународните прашања, во перспектива на самитот меѓу Европскјата Унија и Русија, закажан за 10 мај.

default

Целта на средбата бше да му се подаде рака на Претседателот Владимир Путин да продолжи со политичките и економските реформи во Русија.

- Ние сметаме дека формата на четворка, ќе биде фактор на реално зацврстување на стабилноста, соработката и равојот на меѓудржавниот интеграциски процес во Европа, рече рускиот претседател.

Четворицата државници потврдија дека меѓу нив не постојат недоразбирања околу продажбата на оружје на Кина, дека тесно соработуваат околу Иранското нуклеарно досие со цел да се убеди Техеран да не прозведува нуклеарно оружје. Од средбата во Париз произлезе и заедничка декларација и околу Либан, во која бараат брзо создавање на нова влада и организирање на слободни и транспарентни избори. Рускиот претседател се изјасни и за врамнотежена соработка со Украина.

Домаќинот на средбата, претседателот Жак Ширак во името на трите европски земји го поздрави приближувањето меѓу стариот континент и Вашингтон.

- Нашите земји ја разбраа волјата на САД повтороно да го отворат дијалогот со Русија од една и од друга со членките на Европската Унија, од самиот почеток на вториот мандат на американскиот претседател.

Во чисто европското поглавје во Париз не беше заборавен ни идниот референдум во Франција за ратификацијата на Европскиот устав. Францускиот претседател е убеден дека на 29 мај, Франција ќе го ратфикува Уставот.

- Имам целосна доверба во нашите граѓани дека ќе гласаат во насока на интересите на Франција и тие на Европа: мирот стабилноста, демократијата, човековите права, економскиот развој и социјалниот напредок во утрешниот свет, рече Жак Ширак

- Мислам дека сите знаат, на Европа и е потребна Франција и на Франција и е потребна Европа. Затоа во целост сум убеден дека французите ќе го сватат тоа и ќе гласаат за Уставот, смета германскиот канцелар, Герхард Шредер, кој изрази подготвеност да се вклучи во француската референдумска кампања. Исто како и неговиот колега од Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро.

- Ефективно треба да кажам дека имам веќе покани да учествувам во кампањата во Франција. Тоа ќе го направам со задоволство, за да биде усвоен Европскиот Устав.