1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Соработката во ЈИЕ ќе ја амортизира финансиската криза

Шефовите на државите на ЈИЕ беа едногласни дека со заедничка соработка полесно ќе бидат совладани последиците од финансиската криза во светот.

default

Финасиската криза стигна и на Балканот

Во Охрид заврши петтиот Регионален економски форум на земјите од Југоисточна Европа.. На вчерашните економски, денеска им се придружија и политичките теми. Претседателите од земјите во регионот сметаат дека форумот дојде во вистинско време, кога светот се соочува со рецесија и финансиска криза.

Со заеднички сили против економската криза

Клучна тема на дводневната манифестација беше изнаоѓањето на механизми за амортизација на евентуалните негативни трендови од економската криза. Претседателите се согласија дека заеднички треба да се решат инфраструктурните и енергетски теми. Тие изразија и загриженост дека недостатокот од енергија ќе биде вистински проблем на светот и регионот. Во тој контекст беа споменати нуклеарната централа Белене, нафтоводот Бургас – Валона и подзаборавениот проект АМБО.

Branko Crvenkovski in Bulgarien

Бугарскиот претседател Прванов со неговиот македонски колега

На прес конференцијата на крајот на форумот во Охрид, најмногу прашања имаше за бугарскиот претседател Георги Прванов, како лидер на земја, која е веќе членка на Европската унија и НАТО. Како Бугарија гледа на пристапот на земјите од регионот во ЕУ? Прванов подвлече дека во Охрид ја потврдил јасната позиција на неговата земја во корист на процесот на проширување на Европската унија: „Поддржувањето на европските перспективи за секоја земја, независно во која фаза се наоѓа е важен сигнал во поддршката и стабилноста на целиот регион,“ рече Прванов.

Спорот со Грција би требало да биде решен пред влез во ЕУ

Во однос на македонско - грчкиот проблем околу уставното име на Република Македонија, бугарскиот претседател истакна дека Бугарија го има признато својот сосед под уставнотото име и дополни: „Не е мое да коментирам, но сепак сметам дека прво ќе треба да се реши проблемот со името. Зашто никој не може во Унијата да влезе со своите проблеми. Тие треба да бидат решени пред влезот. Сметам дека дипломатијата од двете земји, Македонија и Грција, ќе најде излез“., заклучи Прванов.

Бугарскиот претседател Прванов вешто избегна да одговори, дали македонското малцинство може да биде мост за соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Испраќањето амбасадори во Белград би ги нормализирало односите?

Србија и претседатлот Борис Тадиќ отсуствуваа од економскиот форум во Охрид. Новинарите прашаа дали Македонија и Црна Гора ќе постават нови амабасадори во Србија.

Maz. Präsident Branko Crvenkovski

Претседателот Црвенковски домаќин на форумот во Охрид

Претседателите Бранко Црвенкоски и Филип Вујановиќ одговорија: „Јас мислам дека со испраќањето на амабасадор на Република Македонија во Белград ќе се нормализираат односите помеѓу двете држави.“ рече Црвенковски.

Вујановиќ пак подвлече: „Сигурен сум дека предлогот на претседателот Тадиќ е во функција на потребата да имаме целосна дипломатска комуникација. Тоа е од интерес на Црна Гора и наскоро ќе почнеме процедура за нов амбасадор во Србија..“

Следниот собири од овој вид догодина ќе се одржи во Сараево.

DW.COM