1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сопственикот на „Кнауф“ прогласен за почесен граѓанин на Дебар

Сопственикот на германската фирма ,,Кнауф“, Николас Кнауф стана почесен граѓанин на Дебар поради посебни заслуги во економскиот развој на општина Дебар и на Македонија.

default

Николас Кнауф (десно) со својот син Балдвин Кнауф

„Многу сум горд во срцето, а и многу се радувам што денес станав почесен граѓанин на Дебар“ - со овие зборови, измешани со емоции, ја искажа својата радост и неизмерно задоволство, новиот дебранин, 72-годишниот Николас Кнауф, сопственик на германската фирма ,, Кнауф,, која една од 152-те фабрики низ светот ја има токму во ова мало градче во строгиот западен дел на Македонија.

„Дебар е град, кој во последните 12 години од кога сум тука многу го засакав. Тука најдовме вредни луѓе кои вредно работат и администрација која не‘ поддржува.“ На тој начин, вели господин Кнауф, претпријатието од некогашната растурена фабрика, денес е современа фирма.

„Дебар е мало гратче, не е метропола“, се надоврзува градоначалникот Аргетим Фида, „но, е со големо срце кое го краси гостопримство. Затоа на оној кој ќе стане почесен негов граѓанин значи дека тоа му е дадено од срце и оти тоа вистински го заслужил.“

Ризикот се исплатеше

Според Фида, заслугите на Кнауф се големи бидејќи во најризичниот период , пред 12 години, кога на Балканот имаше војни, во еден град запуштен без инфраструктура како што е Дебар тие одлучија да ризикуваат и да направат една од најмодерните фабрики.

Дебарската фабрика, „Кнауф Радика“ е еден од најголемите инвеститори во Македонија и пример за успешост, која во изминатиот период многу придонесла во равојот на економијата во Дебар, но и за Македонија во целина.

Ние, вели Николас Кнауф, сме 87 отсто извозно ориентирани и секако со оваа стапка на извоз сме едни од најголемите извозници во Македонија. Од приватизацијата досега во осовременување на производните капацитети, за производство на градежни гипсени прегради, плочи, малтери, лепила, и друга богата палета производи, вложени се над 30 милиони евра. До крајот на оваа и почетокот на наредната година треба да се заокружи новата инвестиција од 12,4 милиои евра, во чија реализиација се вклучени и други македонски фирми, а се предвидува најмалку 30 нови вработувања.

Кнауф е здрава инвестиција

За дебарскиот адвокат Агрон Чутра, Кнауф е успешна фирма, тоа е е здрава инвестициј и затоа, како што вели тој „сакаме и натаму да продолжи со инвестиции во Дебар.“

Debar Stadt, Mazedonien

Дебар - градот „живна“ откако Кнауф отвори своја фабрика

А, фирмата не само што даде позитивен импулс во економијата, туку таа безрезервно дава помош и поддржува во реализација на разни проекти во интерес на подобриот живот на дебрани во речиси сите области, а ги помага и сиромашните и верските заедници, вели дебарскот парохиски намесник Благоја Сипоровски, кој на свеченоста беше заедно со дебарскиот муфтија, ефенди Ружди Љата, кој кусо вели, дека како верска заедница се благодарни и секогаш соработваат и се надеваат на помош од Кнауф и понатаму.

„Кнауф Радика“ целосно ги исполнува обврските кон државата

„Кануф-Радика“ има над 150 вработени. Работниците се задоволни од усоловите за работа, односот на претпоставените, но пред се заработеното. Она што сепак значи посебна карактеритика е шансата на младите луѓе да се докажат во својата професија. Еден од нив е и Дејан Вапси, кој имал голем напредок во кариерата. Претходно работел како квалификуван работник а сега е на менаџерска функција. Во Кнауф има вистинско вреднување на способностите на поединецот без оглед на било кој друг фактор.

На раководството на „Кнауф – Радика“ во месец мај вице премиерот Зоран Ставревски му го врачи признанието „Златна картичка,, што го доделува Урпавата за јавни приходи. Менаџментот овде, рече во таа прилика Ставревски, добро си ја познава работата. Работи квалитетно и целосно ги исполнува обврските кон државата.