1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сопругот на Јулија Тимошенко доби азил во Чешка

Додека поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко е во затвор, нејзиниот сопруг побегна во Чешка.

default

Александер Тимошенко доби азил во Чешка

Чешка му даде политички азил на сопругот на Јулија Тимошенко. Александар. притоа, владата во Прага  е свесна дека тоа може да значи заладување на односите со Украина. Александар Томошенко поднесол барање за азил ушпте пред неколку месеци, потврди чешкиот министер за внатрешни работи Јан Кубице.

51-годишниот бизнисмен морал да „бега“ за раководството во Киев да „не врши веќе притисок“ врз него со закана дека ќе отвори истрага, соопшти партијата на Јулија Тимошенко во Киев. Украинската влада тоа го демантира и тврди дека

Ukraine Julia und Alexander Timoschenko

Јулија и Александар Тимошенко

„Украина внимава на почитување на човековите права“, соопшти вечравечер (06.01) мниистерството за надворешни работи на Украина. Портпарол на Партијата на регионите на претседателот Виктор Јанукович критикуваше дека Александар Тимошенко „очигледно сака да ги изнесе парите во странство“. Противниците на Јанукович го обвинуваат дека со авторитарен стил на раководење на земјата сака да ги згасне придобивките од Портокаловата револуција од 2004 година.

Чешка смета дека по давањето азил на сопругот на Јулија Тимошенко ќе се влошат натамошно и онака напрегнатите односи ос Украина. „Заладување на односите сосема јасно е можно, но тоа зависи пред се‘ од Украина“, изјави министерот за надворешни работи на Чешка, Карел Шварценберг.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: С. Недевски