1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Соодлучувањето е важна алка во работата на претпријатијата

Во Германија не може да биде донесено ниедно важно решение што ги засега вработените, без нивно учество. Нивно претставништво се таканаречените Совети на претпријатијата. Тие имаат право на соодлучување и го користат.

default

Правото на соодлучување на вработените во претпријатијата е важен аспект на социјалното пазарно стопанство во Германија. Тие имаат право да учествуваат во донесувањето на решенијата, како во врска со условите на работното место, исто така и во однос на сите важни прашања во претпријатијата. Во секоја фирма со најмалку петмина вработени може да се формира Совет на претпријатието, кој ги застапува интересите на вработените.

Составот на Советот се избира на демократски начин

Секој полнолетен вработен, кој е во претпријатието најмалку шест месеци, може да избира и да биде избран. Раководните кадри не учествуваат на изборите, оти тие повеќе припаѓаат на страната на работодавачите. Во јавните дејности важат поинакви правила - таму нема Совет на претпријатието, туку Совет на персоналот. Многу честа појава е вработените, кои се ангажираат во Советот на претпријатието, истовремено да се и членови на синдикатот, но тоа не е предуслов. Советот и синдикатите во претпријатието се независни едни од други, иако честопати ги координираат своите активности, оти во краен биланс и едните и другите ги застапуваат интересите на иста страна - на вработените.

Со закон е утврдено правото на Советот на претпријатието да соодлучува во однос на работниот процес и работното време, или околу планирањето на персоналот, вклучително вработувања и откази. Советот, исто така, го кажува својот глас и во врска со поголеми промени во претпријатието - на пример, при

Demonstration bei Daimler in Bremen

Работниците имаат глас и го користат

планирањето за затворање или преместување на погон или на претпријатие, како и за можна фузија со други претпријатија.

Ако поради големината на претпријатието има повеќе Совети, тогаш тие мораат да формираат и еден Централен Совет. Посебно е компликувано ако е во прашање претпријатие кое дејствува интернационално - тогаш е неопхона надгранична координација на работата на поедничените совети во такво претпријатие. Тука како пречки се појавуваат проблеми со јазикот, недоволните можности за интерно информирање, културните разлики, како и конкуренцијата на различните производствени центри на претпријатието.

Европска директива со минимални барања

Од пред пет години постои европска директива во однос на Советите на претпријатијата, со цел да се создаде можност за востановување претставништва на вработените во претпријатија што дејствуваат на територијата на ЕУ. Но, поради историски условените разлики во традициите на поединечните земји, во директивата се формулирани само минималните барања во однос на Советите. Се’ друго засебно се договара меѓу претставниците на работниците и работодавачите во секое претпријатие. Оттука има и големи разлики во компетенциите на Европските совети на претпријатијата во поедничени претпријатија, па дури не секогаш е вклучено и право на соодлучување.

Автор: Зоран Арбутина / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска