1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Соодветен одговор за Иран“

Американскиот претседател Барак Обама и кралот на Саудиска Арабија, Абдала, телефонски договорија соодветен одговор за наводните планови на Иран за атенатат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон.

default

Претседателот Обама и Кралот Абдала при средбата во Ријад во 2009 година (архива)

Американскиот претседател Барак Обама разговараше телефонски со кралот на Саудиска Арабија, Абдала, околу обвинувањата за наводни планови на Иран за атентат врз амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон, соопшти Белата куќа. Високи по ранг членови на американската влада, кои сакаат да останат анонимни, во меѓувреме соопштиле дека нема „цврсти“ докази дека највисокото иранско раководство било информирано за плановите за атентат. Вмешаноста на раковдството во Техеран, меѓутоа, се смета за „веројатна“.

Американската влада во вторникот (11.10) го обвини Иран дека планирал атентат врз амбасадорот на Саудиска Арабија. Министерот за правда Ерик Холдер објави дека како организатори се обвинети еден 56 годишник, кој на крајот на септември бил уапсен во Њујорк, како и член на Ел Кудис елитната единица на иранската револуционерна гарда, кој е во бегство.

Автор: АТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска