1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сончева бура ја зафати Земјата

Сончевата бура започна во саботата (14.07), а засега нема штета за сателитите. Но, бурата се‘ уште трае, а во следните денови може да дојде до пречки на електричните инсталации.

Сателитите останаа неоштетени откако главниот фронт на сончевата бура ја зафати земјината топка околу 21.30 часот во саботата навечер, соопшти Јуха Пека Лонтама од Европската вселенска агенција ЕСА, додавајќи притоа дека бурата не била од најсилен интензитет.

Маркус Ландграф од центарот за контрола на сателити на ЕСА во Дармштад објаснува дека феномените како овој вообичаен траат по неколку дена и дека доведуваат до силни вибрации на магнетното поле. Бурата започна во четвртокот на 150 милиони километри оддалеченото сонце.

Експертите различно ги оценуваат можните последици од бурата. Според Лонтама, сончевите бури имаат сопствено магнетно поле. Доколку тоа дојде во контакт со магнетното поле на земјата насочено кон северот, тогаш бурата најверојатно ќе биде до послаб интензитет. Но, доколку бурата е насочена кон југ тогаш може да дојде до сериозни последици.

Иако сателитите досега не претрпеа штета, во наредните денови може да дојде до пречки на електричните мрежи, како и во воздушниот сообраќај, пред се’ во Скандинавија, Канада и во северна Европа. Една слична бура во 2003. година доведе до повеќечасовен прекин на струјата во Шведска, откажување на европскиот радарски систем и загуба на истражувачкиот сателит „Мидори2“.

Притоа, за време на експлозиите на сонцето кон Земјата се упатуваат и зголемени количества на УВ зрачења.