1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сонот на Лајпциг не се исполни!

Сонот на Лајпциг да биде домаќин на третите олимписки игри што би се оддржале во Германија, по Берлин 1936 година и Минхен 1972 година, заврши денеска во Лозана.

Логото за кандидатура на Лајпциг

Логото за кандидатура на Лајпциг

Германскиот кандидат од покраината Сакасонија на 6 јули 2005 година ќе биде само во публиката, кога меѓународниот олимписки комитет во Сингапур ќе се одлучи за еден од градовите кандидати кои останаа во игра. Претседателот на ИОК Жак Рог денеска напладне во 13 часот и 30 минути во Конгресниот центар во Лозана Пале д Болје го соопшти резултатот

“Дами и Господа извршниот одбор на меѓународниот олимписки комитет, се сретна утрово да ги разгледа извештаите на експертите за градовите кои аплицираа за 2012 година. Извршниот одбор донесе одлука следниве градови да бидат прифатени како кандидати за организирање на олимписките игри: Париз, Њујорг, Москва, Лондон и Мадрид.„

Претседталот на ИОК Рог потаа се обрати до градовите кои го минаат предизборот:

“ Им честитаме на градовите кандидати”

Единаесете членови на извршниот одбор при донесување на одлуката строго се држеа до извештаите на експертите. Париз, Лондон, Њујорк и Мадрид во силната конкуренција се нешто пред Москва. Покрај Лајпциг од трката испаднаа и Хавана, која уште од самиот почеток имаше мали шасни. Постојаниот кандидат Истанбул, кој четирипати по ред се кандидира за организирање олимписки игри, но е одбиен поради проблематичната инфраструктура и безбедносен дефицит. Истото важи и за Рио Де Жанеиро.

Меѓу првите кои се огласија по објавувањето на веста за неуспехот на Лајпциг е и двократната олимписка шампионка во уметничко лизгање, Катерина Вит, која меѓу друготот рече дека е штета, но сепак Лајпциг не треба да се демотивира, туку да се концентрира на организација на други натпревари.