1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сони отпушта 10.000 вработени

Финансиски загрозениот јапонски концерн за електроника Сони планира до крајот на годинава да укине 10.000 работни места низ светот. Концернот најави стриктен курс на штедење.

По повеќегодишни загуби јапонскиот концернот за електроника  „Сони“ денеска објави строг курс на санација. Новиот шеф Казуо Хираи за тековната трговска година 2012/ 2013 најави укинување на 10.000 работни места, односно шест проценти од вкупниот број вработени во концернот ќе ја загубат работата. Околку 3.000 работни места ќе отпаднат со продавањето на хемискиот деловен сектор, а „Сони“ не објави во кој сектор ќе бидат скратени останатите 7.000 места. „’Сони’ ќе се промени“, изјави денеска Хираи. Санацијата на концернот во тековната година ќе изнесува 75 милијарди јени, односно околу 700 милиони евра. 

Sony schreibt hohe Verluste

Санацијата на концернот треба да изнесува околу 700 милиони евра

Хираи од една страна сака да ја зајакне основната дејност на концернот: дигиталната обработка на слика, игрите и мобилната телефонија треба да станат трите основни столба на концернот за електроника. Нивниот удел во целокупниот обрт од 60 проценти во измината стопанска година во наредните две години треба да порасне на 70 односно 85 проценти. Истовремено фиксните трошоци во телевизиската бранша би требало да се намалат за 60, додека трошоците на претпријатието за 30 проценти, за во 2013/ 2014 година „Сони“ повторно да биде во позитивно салдо.

Исто така, „Сони“ има намера да го зајакне своето присуство во земјите во подем. Првиот човек во „Сони“ планира и инвестиции во нови бранши надвор од традиционалната електроника за забава, како на пример медицинската техника.

На овој начин новиот шеф на „Сони“ сака да го врати некогашниот водечки концерн во браншата, на курсот на пораст и иновација. Имено пионерот, кој го пронајде вокменот и во 80-тите години многу успешно работеше, веќе четири години трпи загуби. Во последната трговска година, која заврши на 31 март загубите достигнаа рекордно ниво од 520 милијарди јени односно околу 4,9 милијарди евра.