1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сонда на пат кон Месечината

Не станува збор за „голем чекор на човештвото“, како што изјави астронаутот Нил Армстронг при спуштањето на Месечината во 1969 година, но за НАСА ова е сепак важен чекор: старт на вселенска сонда кон Месечината.

НАСА изутринава лансираше беспилотно летало со задача да ја истражи атмосферата на Месечината, што е трето лунарно истражување на американската вселенска агенција во изминатите пет години. Сондата е лансирана рано изутринава по средно европско време од космодромот Валопс во сојузната американската држава Вирџинија.

Истражувачот на лунарната атосфера и прашина (Lunar Atmospfere and Dust Enviroment Explorer- ЛАДЕЕ) треба да собере повеќе податоци за атмосферата и прашината на Месечината.

Станува збор за вселенски брод вреден 280 милиони долари, кој се движи на соларен погон и литиумски батерии, а неговата големина е колку помал автомобил. Неговото патување до орбитата на Месечината ќе трае околу еден месец, а самото истражување сто денови.