1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сомнителни кандидати, нерелани ветувања

Во пресрет на парламентарни избори во Романија, според анкетите во предност се социјал-либералите на премиерот Понта пред опозицијата околу претседателот Басеску. Меѓутоа меѓу двата блока речиси и да нема разлики.

Rumänien Bukarest - Palast des Parlamentes

Rumänien Bukarest - Palast des Parlamentes

Тој беше овчар, кој по падот на диктаторот Николај Чаушеску стана еден од најбогатите луѓе во Романија: Џиџи Бекали, магнат за недвижности, сопственик на фудбалски клуб, европарламентарец.

Gigi Becali

Кандидатот Џиџи Бекали

Со години се водат процеси против него поради затајување на данок и мито. Тој застапува фундаменталистичка христијанска идеологија со десноекстремни примеси. Неговата Партија нова генерација едноствно си ја купи, во европскиот парламент доспеа во 2009 година на листата на антисемитската Партија Голема Романија.

Распад на политичката култура

Настапите на Бакали со години се олицтворение на најниската политичка култура во Романија и сепак со себе носат нешто симптоматично, како што покажа изборната кампања изминатите недели. Сите партии настапуваат со многубројни сомнителни кандидати: политичари против кои се водат казнени постапки, поранешни официцири на озлогласената тајна служба Секуритате, познати антисемити. Политичката дебата беше пуста и практично без содржина. Сите партии во својата програма имаат изборни ветувања, кои едноствно се нереални.

Rumänien Parlament

Парламентот во Букурешт

Најдобри шанси за изборна победа има владејачката Социјал-либерална унија (USL), сојуз од Социјал-демократите (PSD), национал-либералите (PNL) и партијата (PC) одвоена од матичната конзервативна партија.

Најголем конкурент на оваа унија е десно-либералната Алијанса праведна Романија (ARD) која ја сочинуваат либерал-демократите и други одвоени партии со десничарска оријентација. Овој сојуз е близок до претседателот Трајан Басеску.

Два блока, речиси без разлики

Политикологот Алина Мунгиу-Пипиди смета дека би водело во „заблуда“ доколку овие два блока се сврстат во шемата за политичка левица или десница. „Меѓу нив нема вистински разлики, станува збор за две групи со различни интереси, кои се борат за превласт“, вели Мунгиу-Пипиди и дополнува: „Кој владее може да дели јавни пари и функции“.

Victor Ponta

Премиерот Виктор Понта

За да ја освои целата власт Социјал-либералната унија испровоцира една од најтешките државни кризи во посткомунистичка Романија, со тоа што сакаше да го симне од власт претседателот Басеску. Дури по тримесечен политички и административен застој и под притисок на ЕУ, владата на Понта ја повлече својата намера, а суспендираниот претседател во август се врати на функцијата.

Земја во криза

Traian Basescu Wahlkampf Rumänien

Претседателот Трајан Басеску

Меѓутоа вербално конфликтот продолжи. Контрахентите се’ повеќе користеа погрдни зборови. Претседателот Басеску, кој поради функцијата е обврзан на политичка неутралност, на агресивен начин се вмеша во изборната кампања. Неодамна во едно телевизиско интервју го нарече премиерот Понта „болен лажго“. На прашањето дали, доколку победи Социјал-либерална унија повторно ќе го номинира за премиер, што би било негова уставна обврска, тој одговори: „Во политиката понекогаш може да се проголтаат жаби, но не и свињи“.

Притоа, на псоткомунистичка Ромaнија итно и е потребна политичка стабилност и ефикасно владеење. Земјата е тешко погодена од светската економска и финансиска криза од 2008 година. Стопанството опаѓа, една третина од населнието живее на или под егзистенцијалниот минимум, се’ повеќе добро образовани ја напуштаат земјата.

Исто така и билансот по пет години членство во ЕУ е беден: Земјата не искористи ниту десет проценти од 20 милијарди евра наманети за развој во периодот од 2007 до 2013 година. Неодамна Брисел ја стопираше исплатата на средства од структурниот фонд поради преголема бирократија и измами.

Кампања против „цицачите на крв“

Кога двајца се караат, третиот користи, а тоа во случајот на Романија би можело да биде човекот кој се вбројува меѓу најдубиозните личности во посткомунистичката романска политика: Дан Диаконеску, 44 годишен новинар во булеварскиот печат, кој од неговиот бел Ролс Ројс пропагира „пад на цицачите на крв“.

Supporters of Dan Diaconescu Popular Party (PP-DD) hold posters showing party's leader Dan Diaconescu during an electoral meeting in Targu Jiu city (300km west from Bucharest) on November 23, 2012. Famous for its enticing emissions, the head of the private channel OTV plans gain the presidency in 2014. Romanians are called to ballots on December 9, 2012 for the parliamentary elections. AFP PHOTO DANIEL MIHAILESCU (Photo credit should read DANIEL MIHAILESCU/AFP/Getty Images)

Приврзаници на: Народна партија Дан Диаконеску

Диаконеску веќе беше во затвор поради уцени, против него се водат повеќе казнени постапки. Неодамна победи на тендерот за приватизација на еден голем државен хемиски комбинат. Куповната сума од 45 милиони евра, неможеше да ја покаже. Но и покрај тоа настапува како „спасител на романската индустрија“.

Неговата партијата го носи името: Народна партија Дан Диаконеску. На локалните избори во јуни годинава освои десет процетни, на парламентрните избори би можеле да бидат 15 проценти. Во случај на изборна победа тој ветува „виолетова револуција“. Нејзината програма: осуда на целата политичка елита на Романија пред народни судови и многу социјални добри дела, меѓу нив и 20.000 евра, кои на подарок треба да ги добие секој полнолетен Романец.