Сомнеж во веродостојноста на признанието на Калид Шеих Мохамед | Свет | DW | 16.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сомнеж во веродостојноста на признанието на Калид Шеих Мохамед

Реакциите околу наводното признание на Калид Шеих Мохамед дека бил главен организатор за најголемните терористички акции на Ал Каеда се поделени.

Може ли да му се верува на признанието дадено по три години измачување? Калид Шеих Мохамед во затвор.

Може ли да му се верува на признанието дадено по три години измачување? Калид Шеих Мохамед во затвор.

Пред се‘ поради фактот што тој не само што ја презема комплетната одговорност за атентатите од 11 септември 2001, туку и за цела низа други изведени или планирани акции. Така во протоколот од сослушувањето во американскиот затвор на Гвантанамо тој ја презема одговорноста и за бомбите во Светскиот трговски центар 1993, потоа за атентатите во ноќните клубови на Бали 2002, за планираните атентати врз поранешните американски претседател Џими Картер и Бил Клинтон, па се до плановите за напад врз Импајер стејт билдинг во Њујорк и Биг Бен во Лондон. Карстен Шмистер ги пренесува реакциите на експертите во САД.

Фокусот на американската јавност е насочен пред се‘ кон наводното признание на топ-терористот Калид Шеих Мохамед. Фактот дека од 2003-та на ваму бил во тајни затвори на ЦИА, дека бил измачуван и дека му е жал што е виновен за смртта на толку деца при нападите од 11. септември – се турка на маргините на информирањето. И експертот за тероризам Роџер Крејси го врти вниманието врз сите планирани акции на терористичката мрежа Ал Каеда, па посочува:

“Тоа покажува колку голем бил апетитот на терористите на Ал Каеда за натамошни напади!“

Експертката Сванах Гутри од ТВ станицата што емитува судски процеси “Корт ТВ“ пак се сомнева во веродостојноста на исказот на Калид Шеих Мохамед:

“Добро информирани инсајдери ми велат дека и самите имаат здрави сомнежи. Додуша има доволно индиции дека тој навистина бил организатор на нападите од 11 сепетември, но што се однесува до другите, на пример бомбите во Светскиот трговски центар во 1993, познавачите се сомневаат дека тој играл каква и да е улога во тоа. Се јавува сомнеж дека тој се обидува да го надмудри системот“ - вели Сванах Гутри.

Според неа можно е Калид Шеих Мохамед да подготвува од напред терен за сопствената одбрана пред американскиот суд. Имено, со вакво претерано признание подоцна да може да се претстави како психички непресметлив. Она што е сигурно, тоа е дека по ваквото признание него го чека судски процес, најверојатно не пред редовен суд.

“Штом ќе го деклараираат за непријателски борец, што е речиси сигурно, тогаш ќе се најде во рацете на воен трибунал. Сега имаат подлога за обвинение и тоа е она што го сакаат“ - вели Сванах Гутри.

И Неил Даркин од Амнести интернешенал се сомнева со веродостојноста на признанието:

“Калид Шеих Мохамед заедно со 13 други заробеници три и пол години бил лишен од слобода и измачуван во тајни затвори, веројатно од ЦИА. Поради таквите услови во кои е дадено признанието, тоа мора многу внимателно да се провери!“