1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сомелие - човек со врвни сетила за вкус и мирис

Швајцарецот Паоло Басо има посебно чувство за вината. На крајот на март оваа година тој стана светски шампион-сомелие во Токио. Тој редовно дома ги тренира сетилата за вкус и мирис.

Врвна концентрација при вежбата на сетилата во локалот за тренинг на Паоло Басо. По учењето со часови на вински сорти, области со лозови насади и винарии, практичниот дел во ресторантот „Конка Бела“ во Вакало, во Швајцарија, е добредојдена промена. Паоло Басо е сомелие - светски шампион. Титулата му значи се’. Но, тој не може да живее на стара слава.

„Како врвен сомелие не само што морам точно да ги знам вината од светот, туку исто така морам да знам кои вина одговараат со кои јадења. Затоа морам редовно да ги тренирам моите сетила за вкус и мирис. Само така ми успева перфектната комбинација“, вели Басо.

Elysee-Palast versteigert Wein

Сомелието мора да знае како да се искомбинира одредено вино со одредена храна

Слободното време светскиот шампион најрадо го минува со фамилијата. Сопругата Елена во исто време му е и тренер. Паоло Басо дома пие малку вино. Затоа има други задоволства.

„Семејството ми е место за полнење батерии, каде можам да бидам релаксиран и можам да се опоравам од екстремната концентрација на работа“, објаснува Басо.

„И јас сама те смирувам“, се вмешува во разговорот неговата ќерка Кјара.

„Да се најде мир со Кјара понекогаш е малку тешко“, додава светскиот шампион.

Попладнето тренерот Елена Басо повикува на алкохолен тренинг. Паоло има точно пет минути за да препознае 12 жестоки пијалоци. Повеќе од 15 години Паоло Басо постигнува успех на натпреварите. На светското првенство годинава тој победи во конкуренција на учесници од 54 земји.

Weinernte im Elsass

Сомелието мора да ги познава и областите со лозови насади

„Ние сите сме многу среќни поради него. Паоло ја постигна својата најголема професионална цел. Но, и јас сум пресреќена. Не замисливо ми е со него повторно да морам три години напорно да тренирам“, вели Елена Басо, сопруга и тренер на Паоло.

Басо е се’ уште е во одлична форма како сомелие. Дури и ако повторно ги погоди сите жестоки пијалоци, тоа е само делумно доволно за во иднина.

„Сега започна мојата кариера како сомелие-светски шампион. Мојот нов предизвик е да направам капитал од титулата и во исто време да останам во форма“, вели Паоло Басо.

Сепак, по успехот на светското првенство, Швајцарецот сега сака малку да го намали темпото на професионален план.