1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сомалија - тешки борби

Во сомалискиот главен град Могадишу веќе трет ден се водат борби меѓу исламистичките милиции и етиопските војници. Црвениот крст проценува дека станува збор за најтешки борби за последните 15 години. Етиопската влада соопшти дека биле убиени повеќе од 250 востаници, а потврди и дека востаниците собориле еден хеликоптер на етиопската армија. Во бекство се илјадници жители на градот. Етиопските трупи се во Сомалија како подршка за нејзината преодна влада. Војниците од Уганда во мировна мисија на Африканската Унија немаат мандат да интервенират во борбите.