1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сомалија – авион

Во уривање на авион на Африканската унија погоден од страна на бунтовниците во Сомалија, загинале сите 11 патници. Црвениот крст соопшти дека авионот се урнал пред главниот град на Сомалија, Могадишу, а во него се наоѓале техничари и инженери. Според наводи на сомалиската влада, непосредно по полетувањето на авионот од аеродромот во Могадиши, врз него биле испукани три ракети.