1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Солун – саем на книгата

Во четвртокот по третпат се отворени вратите за издавачите, авторите и љубителите на литературата на саемот на книгата во Солун. Дафне Антакопулос беше на отворањето:

default

Од големината на штандовите до бројот на учесниците: се е двојно поголемо од претходната година, радосно вели Катерина Вилзарис, директор на Националниот книжевен центар на Грција која доминантно го организираше овој саем. Учествуваат повеќе од 40 држави, а една четвртина од издавачите доаѓаат од странство. Со то е остварена амбицијата саемот вистина да стане меѓународен, вели Вилезарис:

„Францускиот весник „Л’Монд’ во минатата година напиша дека започнува ’Франкфурт на Балканот’ и тоа со големи букви. Ние сме од тоа се уште далеку, но земјите од Балканот сакаа ваков саем. Годинава и Турција е присутна и тоа со голем штанд„.

Саемот на книгата во Солун е со идеја книжевно да ги поврзе сите земји од регионот: Србија, Црна Гора, Романија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија. Катерина Велизарис:

„Местото на саемот е единствено: се наоѓа во центарот на Европа на границата меѓу Балкан и Средоземјето. Милсам дека ваквиот саем е многу значаен за овој регион„.

Југоситочната литературна сцена пред се бара контакт со Западна Европа. Солун е идеален амбиент за нови контакти, вели Карл Хајнц Талман, директор на Гете институтот во овој град. На заедничкиот штанд со Дојче веле, Гете институтот ја претставува германската литература и ги рекламира своите јазични курсеви. Во Грција барањето по нив е веќе многу големи, вели тој, но побарувањето радо го формулира вака:

„Практично станува збор за собирање на светот. Луѓето се познаваат. Овде сме опколени со други држави, имаме контакти со нив...тоа е можност да го разбудиме интересот за германскиот јазик и литература, па потоа преку мултипликаторите што се присутни на саемот во секоја од присутните земји„.

Петер Вајдхас, директор на организацијата за меѓународни саеми на книгата и поранешен директор на франкфуртскиот саем, е одушевен од манифестацијата во Солун:

„Овде гледаме поврзаност со други култури и литератури. Оттаму не е доволнен и-мејл или факс. Мора да се воспостави директен контакт и затоа се добри ваквите саеми. Во моментов имаме околу 25 многу сериозни саеми во целиот свет: од Пекинг до Буенос Аирес, од Њујорк до Франкфурт. Сега и Солун„.