1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Солунското пристаниште се отвора за македонските компании

Раководството на главната регионална артерија кон медитеранот и светот - со отворена покана за соработка. Заемното разбирање, во услови на кризни економски времиња, се главниот императив за унапредување на односите.

default

Солун

Порта кон светот и зацврстување на економските односи во регионот - солунското пристаниште, традиционалната регионална точка за пробив на глобалните пазари се обидува да ја зацврсти позицијата. Во услови кога Грција ги преживува најтешките економски моменти, менаџментот прави обиди да ја зацврсти својата стратегиска позиција. Првиот човек на Солунското пристаниште, Агелудис Стилијанос повикува на засилена соработка со македонските компании. Во пријателски дух, во насока на подобрување на трговските односи, Стилијанос со порака:

„Многу фирми од вашата земја соработуваат со пристаништето. Сакам да порачам дека нашите трговски односи секогаш треба да бидат добри и да почиваат на заемно разбирање, пријателство и ефикасност. Стоиме на располагање со цел да ги интензивираме меѓусебните трговски и економски односи. Солунското пристаниште е едно пријателско пристаниште, кое стои на располагање со цел да ги интензивираме меѓусебните трговски и економски односи“.

Утре во Скопје - претставување на пристаништето

Менаџментот на солунското пристаниште, утре (07.07.2010) во Скопје, пред

Duisport Duisburger Hafen Kohle

Пристаништето е значајно за повеќе македонски компании, пред се‘ од рударско-металуршкиот сектор

македонските бизнисмени ќе ги презентира своите адути за привлекување на што е можно поголем број фирми клиенти од Македонија. Освен поволностите во делот на развојот на инфраструктурата и административните олеснувања, Стилијанос најавува и посебни попусти за македонските компании кои се подготвени за соработка.

„На средбата во Скопје ќе испратам порака дека започнавме со храбро намалување на цените за нашите услуги. Многу поголемо од она што го слушнав од нашите пријатели од пристаништето во Бар, но и во Бугарија. Нудиме попуст за карго стоки од 20%. Сакаме на сите да им кажеме дека Солун е тука и за сметка на нашите приходи и профит сакаме нашите клиенти да сфатат дека им нудиме поевтини услуги и современо пристаниште“, вели Стилијанос.

Пристаништето е значајно за повеќе македонски компании

Пораките добиваат на поголема тежина ако се има предвид фактот дека Солунското пристаниште е во државна сопственост. Само 25% се приватен капитал, останатиот дел е сопственост на државата. Пристаништето, со својата идеална местоположба и добри инфраструктурни капацитети, за кои во тек е процес на модернизација, е значајно за повеќе македонски компании, пред се‘ од рударско-металуршкиот сектор. Низ Солунското пристаниште годишно поминуваат над 16 илјади тони карго транспорт, 370 илјади контејнери и 220 илјади патници.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска