1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Солидна четворка за првата година на Обама

Со ветувањето „Да, ние можеме“ Барак Обама влезе на 20 јануари 2009 и во Белата куќа. Една година подоцна е јасно дека дури и еден носител на надеж како Барак Обама , не може да ги реши сите проблеми.

default

Американскиот претседател Барак Обама

Го споредуваат со легенди. Уште пред да победи на претседателските избори, Барак Обама во еден здив го нарекуваа нов Џон Кенеди, Мартин Лутер Кинг или Абрахам Линколн. За време на посетата на Берлин десетици илјади Германци воскликнуваа на секој негов збор а неговата автобиографија стана светски бестселер.

Од Обама во меѓународната јавност се очекуваше што е можно побргу и посеопфатно да ја запре агресивната надворешна политика на претходникот Џорџ Буш. Американците меѓутоа очекуваа новиот претседател среде економската криза наместо само со глобалните конфликти конечно повторно да се занивама и со внатрешната политика.

Сјајот на ѕвездата на Обама малку избледе

Да се исполнат ваквите во дел и спротиставени очекувања е тешко дури и за еден реторички надарен политичар каков што е Барак Обама. И навистина, констатира Рајнхард Роде, експерт за американски прашања на универзитетот во германскиот град Хале, сјајот на кандидатот Обама по една година претседателствување малку избледе:

Buchcover Barack Obama. Yes, we can - Bilder einer Persönlichkeit

„За него токму и во Европа и кај еден дел од неговото избирачко тело постоеше толку високо мислење поради фрустрираноста од неговиот претходник, што речиси беше прогласуван за политички светец. И нормално кога тогаш доаѓа отрезнување и реалност, која настапи сега.“

Во САД поддршката за политиката на претседателот Обама од почетните 70 во меѓувреме падна на околу 50 насто. Но и во Европа тој во меѓувреме не е оценуван само позитивно зашто во првата година од мандатот на Обама не се исполнија очекувањата на многу Европејци дека новиот американски претседател практично сам би можел да ги реши бројните меѓународни проблеми, објаснува Михаел Цирн, експерт за Америка во научниот центар во Берлин: „Нема сомнеж дека многу од она што се очекуваше не беше остварено. Ништо конкретно не е сторено околу регулацијата на финансиските пазари, нема ништо конкретно кога станува збор за политиката за климата, а и за различни прашања кои се однесуваат на Средниот исток не е постигнат поголем напредок.“

Нема чиста петка,, но затоа солидна четворка

Но сепак иако не постигнат некој поголем надворешно-политички успех, Обама расчисти со стилот на Буш и неговата политика и ја прекина ерата на унилатеризмот не само реторички туку и практично, со тоа што на пример го повика Иран на дијалог, го ублажи трговското ембарго спрема Куба, го започна повлекувањето од Ирак и се откажа од поставувањето на анти-ракетниот штит во Источна Европа.

Flash-Galerie Obama Sicherheitsgipfel Weißes Haus

Со Обама дојде нов тон во меѓународната политика и американската администрација на дејствува повеќе според мотото „Или си со нас или против нас“.

И додека на надворешен план и натаму се очекува јасен успех, на внатрешно политички план Обама има добри шанси да ја спроведе реформата на здравствениот систем која предвидува здравствено осигурување за секој Американец, што досега не му успеало на ниту еден негов претходник.

Со оглед на тешката појдовна позиција и големиот притисок од очекувања Барак Обама севкупно добро ја сработе својата работа во првата година од мандатот смета Рајнхард Роде: „Би му дал четворка за внатрешната и за надворешната политика. Сигурно не петка, но тоа и не беше година за добивање петки.“

Автор: Михаел Книге/ Симе Недевски

Редактор. Александра Трајковска

DW.COM