1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Солана смета дека постојат шанси за договор за Косово

*

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, е на мислење дека постојат шанси да се постигне договор за идниот статус на Косово до 10 декември. Пред надворешно-политичкиот одбор на Европскиот парламент, Солана изјави дека преговорите на Белград и Приштина со посредство на Тројката одат напред. Според Солана, ЕУ треба да биде подготвена за секаков исход од преговорите. Солана рече дека не знае каква ќе биде правната основа за мисијата на ЕУ на Косово, но дека е јасно оти унијата, кога ОН ќе донесат одлука за тоа, ќе го замени УНМИК со мисија на ЕУ, која ќе биде подготвена навреме.