1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Солана сака преговори за Косово со посредство на Контакт групата

*

САД, Британија, Франција, Германија, Белгија и Италија синоќа во советот за безбедност претставија нова предлог резолуција за иднината на Косово. Текстот содржи мали измени во однос на резолуцијата која предвидува дополнителни преговори, која Русија ја одби со образложение дека прејудицира конечно решение независност. Високиот преставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Хавиер Солана, синоќа во Брисел изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово може да бидат организирани од страна на контакт групата, доколку во советот за безбедност на ОН не биде донесено решение. Германската канцеларка Ангела Меркел по разговорите во Берлин со српскиот премиер Восила Коштуница ја повтори поддршката за планот на Ахтисари и ја нагласи потребата од нова резолуција во советот за безбедност.