1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Солана – Косово

*

Високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана изјави дека влезот на Србија во ЕУ и решавањето на статусот на Косово се одвоени процеси. Не размислуваме за трговија или компензација, порача Солана во интервјуто за српскиот весник „Блиц„. Според Хавиер Солана, ЕУ е цврсто уверена дека е потребно за кусо време да се најде функционално и трајно решение за статусот. „Косово е во Европа и статусот е европски проблем. Европа ќе преземе одговорност„ додаде Солана нагласувајќи дека се надева оти ЕУ во декември ќе може да го поддржи решението договорено меѓу двете страни.