1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Солана и Саркози разговараа за Косово

*

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Хавиер Солана денеска по разговорите со францускиот претседател Никола Саркози во Париз, изјави дека се надева дека ќе се постигне напредок за косовското прашање. Ќе продолжиме со преговорите, ќе има контакти меѓу членовите на Советот за безбедност вклучително и Русија и се надевам дека ќе дојде до напредок нагласи Солана. Европскиот дипломат и францускиот претседател разговарале и за сите актуелни светски прашања, вклучувајќи го Косово и Иран.