1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Солана: за ЕУ Србија е европска земја која има европска иднина

„Ќе ја исполниме обврската што ја презедовме, оти тоа не е само наша обврска, туку и наша желба“ – порача Солана во Белград

Хавиер Солана

Хавиер Солана

3 години по свеченото прогласување на државната заедница Зрбија и Црна Гора, еден од нејзините клучни креатори Хавиер Солана денеска е во Белград за да обезбеди мирно демонтирање на својата политичка творба. Солана, кој во Белград престојува прв пат по референдумот на кој Црна Гора се определи за независност, рече дека цел на неговите средби со српскиот претседател Србија Борис Тадиќ и со премиерот Воислав Коштуница е да им пренесе на граѓаните „дека на ЕУ и е важна Србија и таа има место во европското семејство“. Затоа е неопходно европските интеграции да се разберат на вистински начин и правилно да се извршат, рече првиот човек на европската дипломатија.

„Ќе ја исполниме обврската што ја презедовме, оти тоа не е само наша обврска, туку и наша желба“ – порача Солана по разговорот со Тадиќ. Од Србија, пак, побара да ги исполни своите обврски и целосно да соработува со Хашкиот трибунал. Тој смета и дека „е многу важно Србија и Црна Гора да имаат конструктивен однос“. Србија ќе го наследи државно-правниот континуитет, но има многу технички и политички прашања што треба да се решат, рече Солана.

„Србија има сосем јасна намера да стане членка на ЕУ и денеска уште еднаш ја потврдувам таа намера“ – рече Борис Тадиќ, изразувајќи надеж дека колку што е можно побргу ќе бидат продолжени преговорите за склучување Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Тадиќ уште еднаш ги призна резултатите на референдумот во Црна Гора и рече дека посакува најдобри односи со таа држава. Српскиот претседател очекува дека владите на двете републики во наредните денови ќе започнат преговори и ќе ги решат „сите билатерални и технички аспекти на идните односи“.

Клучен дел од посетата на Солана е неговата средба со премиерот Коштуница, која според програмата, е започната во 14 часот. Воислав Коштуница до крајот и’ остана верен на идејата за зачувување на државната заедница и досега се’ уште отворено не ја призна победата на приврзениците на црногорската независност. Ден спроти посетата на Солана на прес-конференција, на прашање дали и кога Србија ќе прогласи независност, Коштуница рече дека спскиот парламент ќе констатира оти државната заедница престанала да постои.

Соговорници на Солана во Белград се уште и министерот за надворешни работи на државната заедница Вук Драшковиќ, како и лидерот на црногорската опозиција и на блокот за унија со Србија Предраг Булатовиќ.