1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Солана водеше успешни разговори Конго

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, во Киншаса водеше разговори околу подготовките за воена мисија на ЕУ во Демократска Република Конго. Резултатот од разговорите – позитивен.

Сили на ОН во ДР Конго

Сили на ОН во ДР Конго

Мисијата на ЕУ во Конго, според Хавиер Солана, се наближува. Се чини дека високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политка, в џеп ја има барем согласноста на претседателот на таа земја, Џозеф Кабила. Портпарол на Солана во Киншаса изјави дека разговорите минале многу позитивно и дека подготовките се на добар пат.

На барање на ОН, во Конго треба да бидат распоредени околу 1 500 војници од ЕУ, претежно германски и француски. Нивна задача ќе биде набљудување на претседателските и парламентарните избори, планирани за 18 јуни. Веројатно, во Киншаса ќе биде распореден само еден дел од силите на унијата, а останатите војници, во вид на стенд-бај трупи ќе бидат сместени во соседните земји. Цел на мисијата е спречување на проблеми во текот на изборите.

Подготовките за првите демократски избори во историјата на земјата, која порано беше белгиска колонија, се засенети од безредијата слични на граѓанска војна на исток и североисток од Конго, како и во провинцијата Катанга. Таму милиции, бунтовнички групи и армсики единици кои се отцепиле од војската, го тероризираат цивилното население. Во Киншаса и другите градови, ситуацијата е помирна. За заштита на населението, во Конго се станционирани 17 илјади војници на ОН, во рамки на мисијата МОНУК.