1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Солана бара политичка одговорност од властите во Скопје

Македонија има многу работа пред себе и несмее да си дозволи политичка блокада, порача по денешната средба со македонскиот претседател, првиот европски дипломат Хавиер Солана.

Црвенковски и Солана во Брисел

Црвенковски и Солана во Брисел

Високиот претставник за надворешна полтика на ЕУ Хавиер Солана денеска упати порака до македонските политички партии да продолжат со дијалогот бидејќи Македонија има многу работа и не може да си дозволи политичка конфронтација и колапс на институциите. Солана им се стави на располагање на партиите ако побараат помош за да се обнови политичката комункацијата во земјата.

Ваквата порака европскиот дипломат Солана ја упати по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, откако претходно односите со Македонија ги оцени како долготрајно пријателство.

Македонија мора да се движи во вистински правец, но состојбата сепак не е таква за да се оцени како ризична за евро – интеграцијата за земјата, изјави Солана.

За проблемот околу дијалогот Солана и Црвенковски имаа десетминутна средба во четири очи, а дилемата на високиот европски претсавник била: колку е сериозно тоа што се случува во земјата?. Не смеете да правите какви било импровизации во пресрет на одлуката за статусот на Косово. Очекуваме од вас најголема политичка одговорност, додека меѓународната заедница ги носи овие тешки одлуки – порача Солана.

Дали Макеоднија ќе ја следи препораката на генерланниот секртетар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер, веднаш по објавувањето да застане зад предлогот на Марти Ахтисари македонскиот претседалте Бранко Црвенковски се огради диплоамтски – Шефер го знае предлогот на Ахтисари, јас не. Додека не биде претставен неможам да го искажам македонскиот став, одговори Црвенковски.

Македонскито претседател попладнево ќе има средба и со првиот човек на европската комисја Жозе Мануел Баросо и ЕУ комесарот Оли Рен. Од нив нема да бара гаранција за датум за преговори туку фер шанса за интеграцијата на Македонија во ЕУ.