1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сократеш: договорот победа за Европа

*

Лидерите на земјите членки на ЕУ на самитот во Лисабон постигнаа согласност околу новиот реформски договор кој во 2009 година треба да го замени пропаднатиот европски Устав. Договрот се постигна по пронаоѓањето на компромисното решение за барањата на Полска и Италија. Португалското претседателство со ЕУ ова го оцени како победа за Европа. ЕУ ја надмина институционалната криза изјави актуелниот претседател на Унијата, португалскиот премиер Хозе Сократеш во Лисабон. За претседателот на Европската Комисија, Хозе Мануел Барозо, заклучоците од самитот покажуваат историско единство.