1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сократес си постави рок до октомври

*

Португалскиот премиер Жозе Сократес, чија земја од денеска и официјално е претседавач со ЕУ, го постави октомври како краен рок до кога треба да се потпише договорот околу идното уредување на ЕУ. Покрај оваа точка на агендата на новите претседавачи се развој на стратешко партнерство со Африка како и зголемување на соработката меѓу ЕУ и Бразил. Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо ”се надева дека спогодбата за реформи на ЕУ набрзо ќе биде одобрена, што значи дека иднината на Унијата зависи од успехот на португалското претседателство”.