1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Создадени услови за уметничко лизгање во Македонија

Во спортската сала „Борис Трајковски‘ во Скопје‘ до денеска треба да профункционира новото лизгалиште. За разлика од лизгалиштето на Кале кое работи по сезонски по два- три месеци новото ќе работи преку целата година.

default

Со отворањето на новото лизгалиште во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се исполнува главниот предуслов за развој на спортовите како хокеј и уметничко лизгање во Македонија. Младите со вештините на уметничкото лизгање ќе ги запознае и тренира познатиот украински спортист и тренер Виталиј Данилченко.


Старт на професионално уметничко лизгање во Македонија?

Mazedonien Land und Leute Sporthalle Boris Trajkovski in Skopje

Од сега и лизгање во спортската сала „Борис Трајковски“ ( на сликата)


Со подршка на Владата на Република Македонија и нејзините заложби за популаризација на спортот и инвестирање во спортски објекти кои ќе ја подигнат спортската култура во Македонија, ние дојдовме до идеја за изградба на ново лизгалиште на кое младите во Македонија за првпат професионално ќе изучуваат хокеј и уметничко лизгање, ни изјави за Дојче Веле Самоил Симев, раководител во Спортската сала „Борис Трајковски‘‘. „ За да се создадат професионални спортисти ние се решивме на ваков чекор за да овозможиме едно лизгалиште коешто ќе им овозможи на сите млади да тренираат постојано и да се создадат вистински професионалци во овој спорт,а не да биде импровизација само залажување на младите дека ќе оформиме некој спорт. Токму и затоа ова лизгалиште од ваков тип и карактер ќе работи 12 месеци во годината‘‘.

Симев ни појаснува што се е потребно Македонија да добие идни успешни спортисти во уметничко лизгање. „ Потребно е да се направи една селекција да се направи да се издвојат оние таленти кои ги поседуваат тие квалитети за да се зaнимаваат со овие спортови. Или конкретно за уметничкото лизгање да создадеме една добра база на млади и здрави деца кои потоа ќе ги дооформуваме во еден вид на професионални спортисти.Секако крајната цел е овој проект да заврши успешно со тоа што ќе направиме репрезентација во хокеј и индивидуалци во областа на уметничкото лизгање кои успешно ќе ја претставуваат Македонија на европски и светски првенства и да се надеваме на олимпијади‘‘.

Деца и младите заинтересирани за уметничко лизгање

Симев вели дека веќе има многу заинтересирано деца за овој спорт ,а и тие ќе имаат соработка со училиштата. „Токму поради таа причина се донесени двајцата руски тренери и украинецот Виталиј со цел да се промовира што е можно повеќе и хокејот и уметничкото лизгање кај популацијата во Македонија.Се надевам дека ќе добиеме добар одзив.Веќе имаме и добар број на деца кои се имаат пријавено досега за активно занимавање со овие два спорта.Оваа кампања ќе продолжи и понатаму ,секако дека ќе ги опфатиме и основните училишта бидејќи од таму треба да ги црпиме тие таленти кои нас ни се потребни‘‘.

BdT Eislaufen in der Stuttgarter Innenstadt

Данилченко избран поради големата стручност

Во уметничко лизгање ќе ги обучува врвниот украински спортист и тренер Виталиј Данилченко петкратен шампион на Украина кој успешно настапувал на европските и светски првенства.За кого надлежните од Спортскиот центар „Борис Трајковски‘‘ и од МОК –Македонскиот Олимписки Комитет ни потенцираа дека е избран поради неговата голема желба за работа , големата стручност, младоста и енергијата кои се потребни за еден врвен тренер. Данилченко за Дојче Веле ни изјави дека дошол во Скопје поради предизвикот да биде прв кои ќе ги обучува македонските деца за уметничко лизгање.„ За да се постигнат одредени резултати битна е мотивацијата и желбата на детето.Се разбира и нивната работа,а ги чекаат напорни тренинзи за да можеме да зборуваме за конкретни успеси во уметничкото лизгање‘‘.

Го прашуваме кои основни карактеристики треба да ги има едно дете за да го изучува уметничкото лизгање. „ Да има еластичност, правилно држење на телото, баланс ,да има чувство за кореографија, пластичност, добра координација на телото и движењата и чувство за ритам и музика‘‘.

Агенцијата за млади и спорт го подржува и понатаму ќе го подржува развојот на овој и другите спортови во Македонија, ни изјави Диме Спасов директор на Агенцијата. „ А исто така и понатаму ќе продолжиме финансиски да ги помагаме овие федерации и развојот на овие спортови во однос на обезбедување на средства, за тренинг и за меѓународни натпревари како и неопходна и соодветна опрема.

Автор : Антоанела Димитриевска

Редактор: Симе Недевски