1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сожалување, непогоден збор за човекот кој не го познаваше

Поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин е погубен утрово во Багдад. 69 годишниот Хусеин на почетокот на ноември беше осуден на казна смрт поради злосторства против човештвото. Коменатар на Петер Филип

Садам Хусеин во 1997 година

Садам Хусеин во 1997 година

Сожалување би било погрешен збор за човекот кој самиот не го познаваше овој збор, кој извесен период од неговиот живот брутално се однесуваше кон секого кој ќе му се најдеше на патот, и кој е одговорен за страдањата и смртта на стотици илјади. Погубувањето на Садам Хусеин утрото пред почетокот на муслиманскиот празник на жртвувањето Ид ел Адха е добра вест за оние кои некогаш биле прогонувани во неговото речиси триесетгодишно дикатотрско владеење, и кои долго и по падот на Садам, не најдоа мир. Но погубувањето им ја грабна и последната илузија на приврзаниците на Садам, кои сеуште се надеваа, дека историјата ќе заземе друг тек и изгубената власт би можела повторно да се добие.

Новото ирачко раководство сметаше дека е умесно колку што е можно побрзо да се стави крај на ерата на Садам. Толку брзо што погубувањето делуваше пренаглено и не се заснова целосно на почитување на принципите на правна држава. Туку повеќе да се демонстрира сопствената моќ, која во последно време се ставаше под знак прашање и од страна на Американците.

Владата на Малики ќе мора да живее со ова префрлување. Дали ќе и штети, во многу ќе зависи од тоа како земјата ќе реагира на погубувањето. Непосредно смирување сигурно не може да се очекува, но дали на среднорочен план може да дојде до тоа останува да се почека. Има доволно причини да постои сомневање за тоа. Разликите се преголеми меѓу групите, кои секојдневно се бомбардираат низ ирачкото секојдневие, и значањето на Садам стана премногу маргинално, за сега однеднаш се’ да се смени.

Но за тоа брзото споревдување на казната за Садам Хусеин нуди историска шанса, конечно да се заврши со периодот на диктатурата. Покрај сите овие потешкотии, правниот пат беше вистинскиот потег: Садам Хусеин требаше да биде осуден во повеќе процеси за сите недела на неговиот режим. Тој е осуден за убиството на 148 Шиити, но што е со 100.000 мртви и протерани во периодот на Анфал кампањата? Што е со убиените Курди во Халабџа, убиените Шиити по кувајтската војна? Што е со стотици илјади мртви од војните што ги предизвика Садам? Пред се’ со Иран и Кувајт?

Без главниот одговорен, овие прашања најверојатно ќе останат неодговорени но и крајот на Садам не мора да значи и нов почеток за Ирак.