1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Согласност за нова резолуција за Сирија

Советот за безбедност на ОН постигна согласност за резолуција која би бiла основа за зголемување на бројот на набљудувачи во Сирија од 30 на 300.

Во предлог резолуцијата која се очекува, од сириската влада и од опозицијата ќе се бара и итно запирање на насилството и спроведување на планот на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига Кофи Анан. Текстот, за кој вчера (20.04) се преговараше неколку часа, сега е на разгледување во земјите членки на Советот, соопшти францускиот амбасадор во ОН Жерар Аро. Гласањето за резолуцијата во Советот за безбедност е предвидено за сабота претпладне по локално време. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека се надева оти резолуцијата ќе биде донесена едногласно. Сепак, американскaта амбасадорка во ОН Сузан Рајс не исклучи можност некои од членките да не дадат согласност за резолуцијата.

Предлог резолуцијата, за кој е постигната согласност, се состои од два текста - едниот на Русија, другиот на Европејците. Централната разлика меѓу нив е прашањето - дали треба да има предуслови за испраќање набљудувачи во Сирија. Русите тоа го отфрлаат. Конечно во компромисниот текст е утврдено за испраќањето на набљудувачите да одлучува генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун зависно од состојбата во Сирија.