1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Согласност во ЕУ – но во одбивањето на предлозите за буџетот

ЕУ-министрите за надворешни работи не успеаја на вонредна седница во Брисел да го надминат спорот околу буџетот на Унијата

Британското претседателство со ЕУ ја постигна целта за согласност, но во одбивањето на предлозите за буџетот за периодот од 2007-ма до 2013-та година. Такво резиме на седницата направи еврокомесарот за буџет Далиа Грибаускаите од Литва, која критикувше дека посиромашните земји од Источна Европа мора да прифатат кратења, додека Велика Британија опстојува врз својот рабат кај придонесот и не настапува како посредник. „Се надевам дека ќе најдеме некого на масата кој е чесен“ – огорчено рече таа. Претседавачот со Советот на Унијата, британскиот министер Џек Стро, го бранеше предлогот како фер и одмерен. Тој смета дека шансите за компромис се минимални: „Маневарскиот простор за преговори е многу мал. Ние ќе се обидеме се’ за постигнување согласност во наедните 9 денови до крајот на самитот“. Британскиот премиер Тони Блер, како претседаввач со ЕУ, во наредните денови има намера поединечно да разговара со своите европски колеги и на почетокот на следната недела да презентира модифицирани предлози.

Франција бара од Велика Британија да се откаже не од 8, туку од 14 милијарди од нејзиниот рабат. Стро возвраќа дека Велика Британија ќе попушти дури кога Франција ќе дозволи реформа на субвенциите во аграрот, и тоа уште пред крајот на наредниот финансиски период. „Мора да е можно да се промени фундаменталната политика пред 2014-та година. Тоа се девет години во кои може многу нешто да се случи“.

Германскиот министер Франк-Валтер Штајнмаер, кој за прв пат во тоа својство учествуваше на средбата, смета дека од британскиот предлог е прифатливо димензионирањето на буџетот на Унијата на 1 процент од националните приходи. „Британскиот предлог го сметаме како работна основа во која има некои аспекти што ни се допаѓаат, и некои за кои сметаме дека има итна потреба за преработка. Но, се’ на се’, ми се чини дека врз таа основа може со увереност да се дискутира“.

Земјите од Источна Европа, кои лани пристапија кон Унијата, пред се’ критикуваат дека е несолидарно што структурната помош треба да изнесува 150, наместо 164 милијарди евра. Луксембуршкиот министер Жан Аселборн смета дека британското претседателство има уште некој адут во ракавот за да го спаси буџетот. „Не може да биде сиромашните да мора да им дадат нешто на богатите. Мора да биде обратно“ – вели Аселборн.