1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Современа Индија и учењето на Ганди

На денешен ден пред 60 години, фанатикот, Хинду националист Натурам Годсе го уби Махматма Ганди, „таткото на нацијата„ и борец за независноста на Индија. Во светот, Ганди се уште е симбол за Индија.

default

Не е доволно само да се посети меморијалниот споменик на Ганди

Во самата Индија за младите веќе е туѓ. Во анкета на индискиот весник „Економик тајмс“, на 61 насто студенти Ганди не им значи многу.

Меѓутоа, за други негови сограѓани, неговите концепти за ненасилство, држење кон вистината и индивидуална и политичка самоконтрола и денес се важни: „Веројатно размислувате што се случи со мене? Јас сум долго време убиен. Меѓутоа, мето учење не може да се убие со три куршуми. Времињата се менуваат, но моето учење ќе продолжи барем кај некого.“

Ганди против неправдата

Ова е реплика од филмот „Лаге Рахо Муна Баи“ или „Продолжи така, Муна Баи“ од боливудската индустрија во кој се појавува младиот бунтовник Ганди кој војува против неправдата во стилот на вистинскиот Ганди.

Филмот ги собори сите рекорди во Индија, а беше прикажан и на фестивалот во Кан во минатата година: „Лаге Рахо Муна Баи“ беше многу популарен филм пред се меѓу младите. Учењето на Ганди, како ненасилството или придржувањето кон вистината, беше прикажано на многу едноставен начин. Се разбира дека има позитивно влијание врз размислувањето“, вели социологот Ранјана Кумари.

60 години по смртта на Ганди светот е поинаков

Indien Mahatma Ghandi Ehrung in Bombay

Почит за Ганди

Истовремено таа смета дека претставувањето на Ганди во филмот е само еден од многуте начини за потсетување на духовниот и политички татко на индиската независност, иако светот 60 години по неговата смрт стана сосем поинаков: „Тешко е во денешниот свет на брзо време и глобализација во кои и Индија станува се повеќе материјалистичка, да се почитуваат и практикуваат вредностите на Ганди. Тоа им успева на малкумина. Меѓутоа, ако и само еден процент од луѓето во Индија го прават тоа, многу ќе помогне. Инаку, се потсетуваме на Ганди само на 30 јануари и на 2 октомври, неговиот роденден.“

Според Кумари, вината за тоа е и во индиската влада која малку прави да се посети на учењето на Ганди во неговата земја. Мора да се организираат многу повеќе манифестации отколку за него да се пишува во учебниците и неговиот лик да се најде на банкнотите.

60 години по неговата смрт, во индиската јавност се судираат духовите. Едни го вреднуваат како надчовек, други сметаат дека неговото учење е ирелевантно во денешно време. Сепак, веќе таа дискусија меѓу двете позиции е гаранција дека Ганди уште долго нема да падне во заборав.