1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Совладливи противници!

Германската фудбалска репрезентација доби совладливи противници за квалификациите за СП во фудбал во 2014 година во Бразил. Тимот на тренерот Јоахим Лев ќе настапува во групата Ц.

default

Рио де Жанеиро - извлекување на групите за квалификации за СП 2014

Германија ја продолжи традицијата, и овојпат имаше среќа во ждрепката за Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година. Роналдо, бразилскиот фудбалски идол при ждрепката во Рио де Жанеиро ја извлече репрезентацијата на Германија во квалификационата група со Шведска, Ирска, Австрија, Фарските Острови и Казахстан.

Натпреварите ќе почнат по Европското првенство во Полска и Украина на 7. септември 2012 година, а ќе завршат на 19. ноември 2013 година.

Flash-Galerie Rio de Janiero Qualifikationsgruppen WM 2014 Brasilien

Рио де Жанеиро - извлекување на групите за квалификации за СП 2014

Повторна средба со Австрија и Казахстан

Менаџерот на германскиот тим, кој ја застапуваше репрезентацијата на извлекувањето, Оливер Бирхоф подвлече: „Задоволни сме. Групата не е едноставна, но среќни сме што нема да ја имаме Франција за противник. Се разбира дека сме фаворити. Но, мора концентрирано да настапиме.“

Австрија и Казахстан впрочем се противници на германската репрезентација и во тековните квалификации за Евро 2012. Против Казахстан, Германија веќе извојува две победи. Победи и над тимот на Австрија во Виена, а вториот натпревар претстои на 2. септември во Гелзенкирхен. Против Фарските Острови, Германија досега настапувала двапати и тоа успешно. Последниот натпревар против Шведска, репрезентативците го одиграа нерешено, додека скорот против Ирска, по 16 меѓусебни средби изнесува седум победи и пет порази за Германците.

500 милиони телевизиски гледачи

Rio de Janiero Qualifikationsgruppen WM 2014 Brasilien

Рио де Жанеиро - извлекување на групите за квалификации за СП 2014

Во целиот свет 500 милиони телевизиски гледачи го проследија извлекувањето на групите.

Првопласираните екипи од деветте европски грпи ќе се квалификуваат директно за учество на Светското првенество во 2014 година. Осумте најдобри вторпласирани тимови ќе играат бараж, победниците ќе патуваат на турнирот во Бразил. Вкупно 203 земји од светот се кандидираат за останатите 31 места, покрај домаќинот и петкратниот светски првак Бразил.

Автор: Арнулф Бетхер/ Александра Трајковска

Редактор:

Преглед на европските групи:

Група А: Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска, Македонија, Велс

Група Б: Италија, Данска, Чешка, Бугарија, Ерменија, Малта

Група Ц: Германија, Шведска, Ирска, Австрија, Фарски Острови, Казахстан

Група Д: Холандија, Турција, Унгарија, Романија, Андора и Естонија

Група Е: Норвешка, Словенија, Швајцарија, Албанија, Ирска, Кипар

Група Ф: Португалија, Русија, Израел, Сев. Ирска, Луксембург и Азербејџан

Група Г: Грција, Словачка, БиХ, Литванија, Летонија, Лихтенштајн

Група Х: Англија, Црна Гора, Украина, Полска, Сан Марино, Молдавија

Група И: Шпанија, Франција, Белорусија, Грузија и Финска.