1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Совет за човекови права

*

Таа во суштина требаше да се залага за заштита на човековите права. Но поранешната Комисија за човекови права на ОН беше слаба и неефикасна , бидејќи државите , кои ги кршеа човековите права си го чуваа меѓусебно грбот во Комисијата. Состојбата беше неодржлива. Беше потребен нов орган. Во март минатата година Генералното собрание одлучи да се формира т.н Совет за човекови права а точно пред една година Советот ја одржа својата прва седница. Меѓутоа , и покрај едногодишниот јубилеј причини за задоволство нема. Паскал Лехлер објаснува и зошто?

Една година откако Советот со својата прва седница ја замени Комисијата за човекови права , ретко кому е до славје. Адриен Клод Ѕелер од организацијата Женева за човековите права слегнува со рамениците. Зоштио и би се променило нешто? Оние кои и претходно праве грешки во Комисијата сега седат во Советот за човекови права:

“Проблемот не беше темелно решен . Беа едноставно усвоени правила за да се спречи , земјите да можат да сметаат на тоа да поминат без казна за кршењето на човековите права. Тие повеќе не можат да се опуштат и да не прават ништо за човековите права. Тука нешто барем малку се промени”

Четири редовни и четири вонредни седници одржа Советот во првата година од постоењето. Дури три од вонредните седници беа посветени на израелско-палестинскиот конфликт . затоа не зачудува што веќе по неколку месеци критичарите на новиот орган на ОН му префрлаа за едностран поглед врз ситуацијата со човековите права. Во Советот имено се случува истото групирање во блокови , како претходно во Комисијата: овде Запаадот , таму исламскиот свет. Без сомнение станува збор за лош почеток на Советот- смета Пеги Хикс од Организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч:

“Според нашите проценки и покрај тоа постои темел кој меѓутоа е многу порозен. Мора да се инвестира уште многу труд за да може новиот орган да ги исполни дадените ветувања”

По еуфоричниот стар пред една година , денеска во Женева многу нешта ќе бидат продадени како успех – на пример вонредната седница за состојбата со човековите права во Дарфур. Од тоа произлезе една млака резолуција , која ниту еднаш не го именуваше Судан како агресор , но и покрај тоа некои африкански земји неочекувано го променија таборот и преминаа на страна на Западот. Тоа е успех , пабез оглед колку е мал- смета Теодор Ратгебер од Форумот за човекови права:

“ Значи тоа беше чекор напред во однос на блоковската конфронтираност што постоеше во Комисијта , и тоа е пример во кој се огледа , какви нови можности поседува Советот , и како може да функционира . Но претходно мора да се напушти досегашната матрица на размислување”

Од напуштањето на матрицата на размислување ќе зависи , дали Советот во иднина ќе може да го искористи целиот свој потенцијал. Досега за тоа немаше време-смета Питер Сплинтер од Амнести Интернешнл , кој меѓутоа додава:

Сепак сметам дека Советот има потенцијал да ја подобри ситуацијата . Тој потенцијал мора да биде искористен. Но тоа предвидува многу работа од оние кои се залагаат за заштита на човековите права, како европските влади и невладините организации”