1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Совет за евроинтеграции: власта и опозицијата бараат виновник

Националниот совет за евроинтеграции одржа прва седница по изборите и по изборот на старо- новиот претседател од редовите на опозицијата, Радмила Шеќеринска. Тема: приоритети за пристапување во ЕУ.

default

Препукувања меѓу политичките партии за евентуалниот неуспех на патот кон ЕУ

Се‘ поизвесно е дека есенскиот извештај за напредокот на Македонија, кој го изготвува Европската комисија, нема да содржи датум за почеток на преговори за членство и ќе има лоши оценки. Власта и опозицијата во Советот за евроинтеграции ги спротиставија ставовите околу тоа кој е виновен за ваквата ситуација.

„Ако нема датум за почеток на преговори, значи не сме направиле доволен напредок. Ако нема напредок, тоа значи дека реформите за кои многу зборуваме, не биле вистинските,“ изјави Радмила Шеќеринска.

„Историјата ќе не‘ суди според тоа како ќе го водиме Советот. Тука нема место за ситни политички поенчиња и ситни политикански потпикувања“, рече потпретседателот на македонската влада Ивица Боцевски.