1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Совет за безбедност – Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации на утрешната седница ќе ја разгледува состојбата на Косово. Според најавите, редовниот шестмесечен извештај би требало да го поднесе шефот на УНМИК, Германецот Јоахим Рикер. На седницата нема да се расправа за предлогот на Марти Ахтисари што во четвртокот му беше предаден на генералниот секретар на светската организација. Пред заминувањето за Њујорк, Рикер изјави дека извештајот ќе биде позитивен.