Советот за безбедност на ОН на почетокот на наредниот месец ќе се изјасни по предлогот на специјалниот преставник на ОН Марти Ахтсиари за меѓународно контролирана независност на Косово. Властите во Приштина оценија дека ова е историски момент за жителите на Косово. Премиерот Агим Чеку ги повика србите во покраината да го прифатат планот на Ахтисари и заеднички да ја изградат иднината. Официјален Белград го повтори ставот дека независноста е неприфатливо решение. Ист е ставот и на Москва која се залага за продолжување на преговорите. САД, ЕУ и НАТО го поддржаа предлогот на Ахтисари кој според нив ќе придонесе кон стабилноста на регионот и за иднината на Косово.