1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Совето – 30. годишнина од масакрот што го урна апартхејдот

На денешен пред точно 30 години во јужноафриканското гето Совето полицијата застрела на улица повеќе деца од училишна возраст, кои мирно протестираа против наметнатиот јазик што мораа да го учат.

Куќарки во Совето

Куќарки во Совето

Многумина овој масакр на недолжните цивили го сметаат и за почеток на крајот на апартхејдот, иако битката до првите слободни и демократски избори за црнците и за белците потраја уште цели 18 години. Дагмар Витек испрати прилог за настаните што го сменија ликот на најјужната држава во Африка.

За граѓаните на Јужна Африка речиси и нема поважен датум од нивната понова историја. 16. јуни 1976-та има карактер на ден со судбинско значење.

„16. јуни е многу значан во јужноафриканската историја. Тогаш се појавија пукнатини во ѕидовите на апаратхејдот. Од тој ден Јужна Африка не беше повеќе истата земја. Тоа е како паѓањето на берлинскиот ѕид, земјата од тогаш потполно се измени„ – појаснува Питер Мубане, меѓународно признат фотограф, кој беше сведок на драматичните настани:

Илјадници деца од по само десетина години излегоа на улица да демонстрираат против „африкаанс„ јазикот на кој се одвиваше наставата во училиштата. Тој важеше како јазик на угнетувачите од бела раса. Полицијата прво мирно ја контролираше ситуацијата, кога одеднаш паднаа истрели и ситуацијата ескалираше:

„Кога дојдовме до гимнаџијата Орландо, тоа е веднаш покрај старата куќа на Нелсон Мандела, таму имаше кучиња, полиција, полициски камиони. И одеднаш паднаа истрели, не можев да разликувам што се истрели, а што солзавец. Тогаш изби масовна паника и мојот брат едноставно се најде на погрешно место, во погрешно време....„ – појаснува сестрата на тогаш 13-годишниот Хектор Питерсон. Неговата слика го обиколи светот. Него мртов в раце го носеше еден млад човек.

Бројот на жртвите во масакрот официјално се одржува на 23, но локалното население вели дека загинале најмалку 200 деца. Тие биле опколени од преку 1.500 тешко вооружени полицајци.

Сепак нивната смрт не беше попусто, вели еден од учесниците на демонстрациите, кој тогаш исто беше ученик:

„Ние сме тие кои го придвижија ослободувањето на Јужна Африка!„

Тоа не е само негово субјективно мнение. Многумина сметаат дека бруталниот масакр врз недолжните ученици во Совето ги разбуди црнците во Јужно Африканската Република, но и голем број белци, кои не можеа повеќе да му пружаат макар и премолчна поддршка на ваквиот расистички систем. Конечно, по масакрот Јужна Африка се најде под голем притисок на меѓународнарта заедница. Борбата за укинување на последниот бастион на апартхејдот во светот сепак потраја уште цели 18 гопдини. Дури 1994. беше можно за прв пат во историјата на оваа земја да се одржат слободни избори, на кои црнците и белците бираа подеднакво.

Денес симболиката на овој настан како да бледнее. Додека тогашните деца и млади беа политички многу ангажирани, денес интересот за социјален и политички ангажман како да го снемало:

„Денес 16. јуни е едноставно празник, слободен ден. Франција тој ден игра рагби против Јужна Африка, а утредента Јужна Африка против Конго. Ете толку е важен 16. јуни„ – објаснува Антон Мајер, тонец при државната ТВ станица САБЦ.