1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Советот на Европа ќе и помага на Македонија за изборите

Советот на Европа е решен да и помогне на Македонија, идните парламентарни избори да се одржат според меѓународните норми. Работната група за Демократија при Комитетот на министрите, го усвои „Акциониот план за парламентарните избори 2006 во Македонија“, кој ќе биде финансиран со околу 100 000 евра.

Внатрешноста на зградата на Советот на Европа

Внатрешноста на зградата на Советот на Европа

Акциониот план специјално е изготвен за да ги покрие сите констатирани недостатоци за време на минатите избори во Република Македониј, односно начинот на финасирање на предизборните кампањи од политичките партии, рамноправна вклученост и застапеност на мажите и жените во изборниот процес, семинари за судиите кои ќе земат учество во изборниот процес и експертиза и помош за работата на медиумите и нивното известување за време на изборите.

Со Акциониот план, Советот на Европа ќе го финасира и издавањето на воспитно-информативните брошури за спроведување на демократски, слободни и фер избори. Овие материјали ќе бидат отпечатени на македонски, албански, турски, ромски, српски и влашки јазик, ова по предлог на македонската влада.

Во планот посебен акцент е ставен врз вклученоста на жените од руралната средина во изборниот процес во Македонија. Излезот е нивното воспитување за правата кои ги уживаат како гласачи.

Сите овие активности ќе бидат финасирани од буџетот на Советот на Европа со 98 500 евра. Буџет кој е зголемен за 60 000 евра од претходно предвидените 38 500 евра, што доволно сведочи за подготвеноста на Советот на Европа да и помогне на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унијам посебно во областите каде тој располага со големо искуство.

„Јас ја поздравив оваа одлука и кажав дека Република Македонија, навистина се стреми кон организација на фер и демократски избори, бидејќи тоа е еден од клучните услови за нашето идно можно започнување на преговори за членство во Европската Унија. Тоа ќе биде еден од предусловите за започнувањето на преговорите“, вели Елеонора Петрова-Митевска, амбасадарот на Република Македонија при Советот на Европа.

Активностите на Советот на Европа ќе бидат во соработка и координирани со тие на ОБСЕ и на Бирото за човекови права. Покрај македонската влада, во реализацијата на планот е предвидено да учествуваат невладините организации и политичките партии од земјата.

За важноста што им се дава на престојните парламентарни избори во Македонија, зборува и тоа дека во Стразбур пред проширеното биро на Комитетот на министрите е најавен настапот на амабасадарот на Европската Унија во Македонија, Ерван Фуере.