1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Советот на Европа загрижен за развојот на општините во Македонија

Македонија постигнала напредок во локалната демократија, но потребно е подобрување на финансисрањето на општините и поголема вклученост на граѓаните во носењето одлуки на општинско ниво, забележува Советот на Европа.

Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа (КЛРВ), кој е советодавен орган на Советот на Европа и во кој се претставени локалните и регионалните власти на земјите членки, во среда (17 октомври) на пленарна сесија во Стразбур треба да расправа за извештајот за локалната демократија во Македонија.

Во документот, до кој дојде Дојче веле, од страна на известувачите Јан Микалеф и Андре Бушман е нотиран „значаен напредок направен од страна на Република Македонија, кој води кон локална демократија и децентрализација со подобар квалитет, како и кон добро функционирање и соработка меѓу општините и централната власт“.

Во извештајот се посочени и слабостите во локалната демократија, односно тоа што може да биде подобрено во Македонија, како што е финансиската прераспределба на даноците од централно на локлано ниво, но и големите разлики меѓу урбаните и руралните општини, што се одразува на нивниот развој и посебно загрижува.

Das Gebäude des Jugendkulturzentrums MKC in Skopje

Се препорачува зголемување на давачките што граѓаните ги плаќаат кон општините

Известувачите се загрижени и за слабата вклученост на граѓаните во одлучувањето на локалните власти, исто како и слабата вклученост на жените во локалниот политички живот.

Препорака за зголемување на давачките

По расправата која ќе се води во Стразбур, КЛРВ покрај усвојувањето на извештајот, треба да усвои и серија на препораки кои ќе бидат упатени до владата на Република Македонија, од која се бара да ги засили надлежностите на министерството за локална самоуправа, како еден од главните актери на процесот на децентрализацијата. Исто така се бара појаснување на надлежностите на општините, усвојување на јасно законодавство со прецизни линии за прераспределбата на даночните приходи, односно финансирањето на надлежностите на општините. Во таа насока е и препораката за зголемување на локалните даноци (како што е, на пример, данокот на имот, н.з.) и на давачките што граѓаните ги имаат кон општините, а кои ќе им овозможат на општините да имаат сопствени извори на приходи во локалните буџети. Се препорачува и пренесување на сопственоста на државното земјиште на локланите власти со цел да се зголемат напорите за локална автономија и развој.

Според Конгресот, општините во Македонија зависат многу од државните дотации. Тие се изложени на контрола од некои централни власти, како државните инспекции, што создва ризик од прекумерна контрола, која ја надминува законската рамка.

Се бара појаснување на надлежностите на град Скопје

Neues Denkmal in Skopje Porta Makedonija

Се препорачува појаснување на надлежностите на град Скопје

Се забележува и на законодавството со кое е регулирана функцијата градоначалник, бидејќи не е прдвидена никаква мерка во случај ако градоначакникот е спречен да ја извршува фукнкцијата или ако не ги почитува своите обврски.

Конгресот на локалните и регионалните власти смета дека е потребно појаснување на надлежностите на градот Скопје, како престолнина и како локална власт со своите десет општини.

Од Стразбур се бара од властите на Република Македонија да го потпишат и ратификуваат Дополнителниот протокол на Европската повелба за локлана автономија, кој се однесува на правата за учество во работата на локалните заедници, исто како и Конвенцијата за учество на странците во јавниот живот на локално ниво.