1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Советот на Европа бара Германија повеќе да се ангажира против расизмот

Германија не презема доволно строги мерки против расизмот и нетолеранцијата - ова е заклучокот на извештај на Советот на Европа. Дефицити имало пред сѐ при регистрацијата на кривични дела и при кривичното гонење.

Во борбата против расизмот и нетолеранцијата Германија, според проценките на Комисијата за антирасизам на Советот на Европа (Европска комисија против расизам и нетолеранција, ЕКРИ), мора да стори повеќе. Во извештајот објавен во вторникот (25.02) ова експертско тело бара меѓу другото построги казни и поголема сензибилност за кривични дела за расизам и непријателство кон хомосексуалците.

Проблемот бил поголем отколку што произлегувало од официјалните статистики, се вели во извештајот. Ова Комисијата го заклучува врз основа на споредба на податоците од надлежните органи за кривично гонење и извештаите на невладините организации (НВО). Еден пример: Во 2012 година во Германија официјално биле регистрирани 186 случаи на хомофобни непријателства. Една анкета на едно НВО меѓу хомосексуалците, бисексуалците и транссексуалците четири години претходно покажала дека повеќе од една третина од 24.000 испитаници навеле дека биле цел на непријателско однесување во последната година. Било важно германските власти да го реформираат својот систем за регистрирање и гонење на инцидентите на изразување расистичко или хомофобично непријателство, заклучува Франсуа Сантанџело, еден од авторите на студијата.

Мала доверба во кривичното гонење

Покрај целосното опфаќање очигледно бил проблем и недостигот на доверба во истражните органи - не само поради грешките при расветлување на убиствата за кои постои сомневање дека ги извршила десноекстремната терористичка ќелија НСУ. Многу жртви на расистички напад воопшто не се пријавувале кај властите по некој инцидент, се вели во извештајот. Се препорачува да се отворат независни места за поплаки, за да им се олесни на погодените лица.

Комисијата исто така посакува подобра правна помош за жртвите од дискриминација. Барање кое го поддржува раководителка на Службата за антидискриминација на сојузно ниво Кристине Лидерс: „На пример би било многу важно за Службата за антидискриминација, да добие право да поднесува тужби.“

Fußball Bundesliga Rechtsradikale Fans

ЕКРИ препорачува да не се релативизираат параграфите за подбуцнување

Извештајот гледа дефицити и во кривичниот закон. Се криткува на пример, што од 2008 до 2012 година пропаднаа иницијативите на Бундесратот, со кои се бараа построги казни за расистичките насилници. Интенцијата била, расистичка позадина да се дефинира како отежнувачка околност при утврдување на казнена мерка. Параграфот 130 од кривичниот закон, кој се однесува на подбуцнување на народот би требало да биде преработен. Според параграфот казнени се расистички изјави „на начин кој е погоден да го попречи јавниот мир“. Ова меѓутоа честопати тешко можело да се докаже, ваквата релативизација би требало да биде отстранета.

Пофалба за Службата за антидискриминација

Но, има и пофалба за Германија. Програмите за превенција, со кои младите треба да бидат заштитени да се слизнат во десноекстремната сцена, се оценуваат позитивно. Се поздравуваат и последите напори за забрана на десноекстремната партија НПД.

Службата за антидискриминација особено е пофалена за пилот-проектот за анонимизирана постапка на пријавување, со која треба да се спречи еден кандидат на пример однапред да биде исклучен од работодавачот поради неговата возраст или потекло. Службата за антидискриминација според Комисијата би требало да добие повеќе компетенции и повеќе средства. Со дополнителни средства би можело да се вработат на пример повеќе советници за погодените лица, вели Кристине Лидерс.

Европски феномен

Препораките на Комисијата за антирасизам на Советот на Европа не се обврзувачки. Комисијата меѓутоа со своите извештаи барем за извесно време го свртува вниманието кон дефицитите во борба против дискриминацијата и нетолеранцијата.

Извештаите се изработуваат секои пет години за секоја од 47-те земји членки на Советот на Европа. Растечка нетолеранција, вели Франсоа Сантанџело била феномен, кој се среќавал во цела Европа.